Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) одби да им дозволи на 15 руски спортисти кои беа ослободени од спортскиот арбитражен суд во Лозана (ЦАС), да настапат на Олимписките игри во Пјонгчанг, во врска со анти-допинг прекршоците за време на Олимпијадата во Сочи.
Како резултат на тоа, војната на институциите се продлабочи понатаму, а вчера претседателот на ИОК Томас Бах во директна изјава рече дека судот и раководството ќе бидат реформирани.
– Комисијата се запозна со одлуката на судот, но не ги добила причините за тоа. Решението не ги отстранува сомневањата за допинг и не гарантира дека тие се чисти, соопшти ИОК.