Најмалку 30 луѓе загинаа, а 90 се повредени во серија напади со автомобил бомби во повеќе места во Ирак. Тензиите меѓу сунитите и шиитите и натаму растат под влијание на конфликтот во Сирија.
Само во главниот град на Ирак, имало осум експлозии на автомобил бомби. Бројот на загинати во нападите во Багдад е најмалку 20. Автомобил-бомби екслодирале во населби главно населени со шиити.
Во двоен бомбашки напад во јужниот пристанишен град Басра пак загинале 11 лица.
Засега никој не ја превзема одговорноста за бомбашките напади, но самоубиствените бомбашки напади во Ирак најчесто ги изведуваат припадниците на Ал каеда.
Во последните недели теророт и насилството бележат драматичен пораст во Ирак, поради нараснатите тензии меѓу шиитите и сунитите во Ирак. Само во април , според податоци на Обединетите нации, имало најмалку 700 загинати, што е најголем број на жртви во еден месец по речиси пет години.