Над стотина луѓе се собраа на аеродромот во Техеран за да ги пречекаат преговарачите кои се вратија од Женева, по маратонските разговори со петте постојани членски на Советот за безбедност на ОН и Германија за иранската нуклеарна програма.
Студнетите носеа цвеќе и знамиња, го нарекоа шефот на на иранската дипломатија – амбасадор на мирот. Тие носеа пароли против „војната, санкциите, предавството и навредите“.
Насобраните луѓе ја поздравија делегацијата која се согласи да ја ограничи нуклеарната програма во текот на следните шест месеци во замена за намалување на санкциите, по преговорите во Женева.
Министерот на надворешни работи Мухамед Џевад Зариф изјави дека земјата е подготвена во најското време во пракса да го спроведи тој договор.
Спогодбата освен, опозицијата која побара објаснување, ја поддржа и иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.