Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исхрана и слабеење: Почести оброци наместо три големи

0
By Marija Todorovska on April 29, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во денешниот свет полн со трендови и разни совети за исхрана, една од најчестите дилеми е – како најдобро да ги организираме нашите оброци заради оптимално здравје и одржување на саканата телесна тежина?

Се верува дека поголемиот број оброци ги подобрува нивоата на липиди во крвта и ја намалува опасноста од срцеви заболувања. Повеќе истражувања посочуваат дека помалите и почести оброци може да значат поголеми придобивки. Имено, според некои стручњаци, повеќе од четири оброци дневно го покачуваат добриот холестерол, поврзан со намалена можност од срцеви заболувања.

Сепак, има и спротивни мислења. И научната теорија за три главни оброци дневно – појадок, ручек и вечера и скоро ништо измеѓу, сѐ уште има свои приврзаници.

Така, друго истражување го спореди влијанието од три оброци на ден со тоа од шест помали, врз телесните масти и чувството на глад. Резултатите говорат: Иако немало значителна разлика во потрошувачката на енергија и губењето телесни масти, испитаниците кои јаделе шест помали оброци имале поголемо чувство на глад.

Според ова, за оние кои сакаат да спречат долгорочно зголемување на телесната тежина, се препорачува појадок и ручек во интервал од пет до шест часа, да се избегнуваат грицки и – најголемиот оброк да биде оној наутро. Исто така, важно е големината на порциите да остане во рамките на дневните потреби за калории.

Иако малите, чести оброци се сметаат за пат кон побрз метаболизам, истражувањата посочуваат дека тие можеби нема да играат клучна улога во зајакнувањето на метаболизмот.

Важно: Квалитетот на исхраната останува приоритет, без разлика на зачестеноста на оброците.

Заклучок: Важно е да се прилагоди исхраната на своите сопствени потреби и цели и да се даде приоритет на храната во целост. Без разлика дали сте приврзаник на „трите големи оброци“ или „почестите помали“ во еден ден, клучот е во квалитетот на исхраната и свесно избирање оброци што ќе го поддржат вашето здравје и благосостојба.

изхрана Оброци Слабеење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.