Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИСИС или ги продава киднапираните деца како сексуални работници, или ги убива

0
By Нова ТВ on February 5, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џихадистите на Исламската држава ги продаваат киднапираните деца од Ирак на пазарот на трговијата со луѓе, а дел од нив и убиваат преку палење или распнување, соопштија неодамна активистите на Обединетите нации, а пренесе Ројтерс.

Ирачките момчиња под 18 години се употребуваат како бомбаши-самоубијци, како курири или како жив штит, како терористите би се заштитиле од воздушните напади на САД и Меѓународната коалиција, соопшти Комитетот за правата на децата при ОН.

– Длабоко сме загрижени за тортурата и убиствата на тие деца, особено они кои доаѓаат од малцинствата, но не само за нив, објаснува експертката при Комитетот, Ренат Винтер, која напомена дека се работи за огромен проблем.

Според неа, децата од сектата Јазиди или оние од христијанските заедници, како и деца од Шиитите и Сунитите, сите биле жртви на теророт на ИСИС.

– Имаме пријави за деца кои се употребуваат како бомбаши-самоубијци, најчесто без самите да разбираат што им се случува, вели Винтер за Ројтерс. „Имаше видео на Интернет каде што децата на многу мала возраст, околу 8 години па и помлади, се обучуваат како да станат војници“.

Исламската држава е терористичка организација која произлезе од Ал Каеда, и прогласи калифат во делови од Сирија и Ирак минатото лето. До сега има обезглавено, запалено или егзекутирано на најразличен начин стотици илјади луѓе.

Во вторникот Исламската држава објави видео на кое жив го запали во кафез, јорданскиот пилот за кој бараа замена со терористка осудена на доживотен затвор во Јордан. Претходно објавија видео од две обезглавувања на јапонски заложници.

Телото на Обединетите нации кое ја набљудува состојбата, го осуди систематското убивање на момчиња од различни религии.

Според нив, Исламската држава или како што е позната ИСИС, често извршува и сексуална злоупотреба врз киднапираните деца.

Експертите кои работеа на извештајот кој го објави ОН, 18 на број, ги повика властите во Ирак да ги преземат сите неопходни мерки како би ги спасиле децата кои се во рацете на џихадистите од ИД, и да им се суди на одговорните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.