Бранко Тричковски: Неполн месец по почетокот на проектот “Мејк Америка грејт агеин”, Штатите никогаш не биле помали, понеугледни и попрезрени. Светилникот на слободниот свет, кој ја дефинираше водечката улога на Америка повеќе отколку сите носачи на авиони и атомски бомби, инвестираше во својата водечка улога, но и наплатуваше огромни бенефити, сега самоиницијативно го исклучи големиот рефлектор и реши да се претвори во нешто како ИСИС на Запад. Со други средства, се разбира. Авионите на богатите пилоти од Силициумската долина и на фашистичкото десничарење, ги забива во кулите на сопствената моќ!