Секторот за внатрешни работи Тетово во рамките на секојдневните контролни активности, посебно внимание им посветува на лицата кои ги управуваат возилата, најчесто патнички, без положен возачки испит и валидна дозвола.
Вчера (12 декември) на поширокото полошко подрачје откриени и санкционирани се 7 лица (ТЕ-2 и ГВ-5) без возачки дозволи, кои веднаш се исклучени од сообраќај и на кои им се изготвени законски предвидените поднесоци и кои ќе се соочат со парични глоби од 250 евра во денарска противвредност.