Исклучување од системот на парно греење граѓаните можат да бараат без согласност од своите соседи во зградите, а сите барања треба да се поднесат до 31 август во годината, а не како претходниот пропис, до почетокот на грејната сезона.
Ова се клучните нови регулативи за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, а по одлука на Уставниот суд.