Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исланд се откажа од Европската Унија

0
By Нова ТВ on June 14, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Исланд се откажа од влезот во Европската унија. Ова го соопштија Европската комисија и исландскиот министер за надворешни работи Гунар Браги Свеинсон за време на посетата на Брисел.

Свеинсон истакна дека ова е начин на којшто делува демократијата. Тој додаде дека двете партии коишто ја сочинуваат новата исландска влада се договориле да се откажат од преговорите со ЕУ, а граѓаните ги поддржале.

„Главната причина на ова патување беше да и кажам на Европската комисија дека новата влада на Исланд одлучи да ги суспендира преговорите. Исланд е дел од Европа и сакаме да ги зајакнеме односите со европските држави на други начини“, рече Свеинсон, пренесува ЕУобсервер.

Штефан Филе, европскиот комесар за проширување, на новинарите во Брисел им рече дека не е лесно да се прифати ваквата одлука на Исланд и дека тоа го доживеал како личен удар.

„Но, јас исто така сум и професионалец и ја почитувам волјата на граѓаните и на нивните избрани претставници. Лично сметам дека преговорите со Исланд требаше да продолжат и понатаму сме потполно посветени на тоа и сакаме да заврши тој процес“, рече Филе.

Исланд преговорите со ЕУ ги започна во 2010 година за време на поранешната социјалдемократска влада. Поранешната власт тврдеше дека со влегувањето на Исланд во ЕУ ќе се зајакне економската позиција на Исланд.

Меѓутоа, изборите одржани во април донесоа промена на власта, а влада составија Независната партија и Прогресивната партија, партии на десниот центар коишто се противат на членството на Исланд во ЕУ.

Анкетите покажуваат дека само 25 отсто од граѓаните на Исланд го поддржува влезот на земјата во ЕУ. Владата поради ова одлучила да ги прекине преговорите, иако Исланд веќе затвори третина од вкупно 33 преговарачки поглавја

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.