Од идниот месец приватно ќе се наплаќаат анализите за ХПВ, хепатит Б и Ц во Генетската лабораторија во МАНУ и тоа по двојно зголемени цени. Фондот за здравство ги зголеми цените за анализите што удри директно по буџетот на овој Истражувачки центар. Затоа одлучија да го преполоват бројот на анализите. Во одговорот од Фондот што стигна доцна попладне, по изготвувањето на информацијата се вели:
„Новите референтни цени се според утврдена методологија, а МАНУ има договорен надоместок за годинава со кој се опфатени здравствените услуги според планот за вид и обем усогласен од Фондот.
Влијанието на новите цени врз ризикот по здравјето на граѓаните, ќе се согледува во наредниот период бидејќи новите референтни цени сеуште не се во примена“ се вели во соопштението од Фондот.