Стотина демонстранти кои протестираат против сечењето на зеленилото во парк во центарот на Истанбул денеска се повредени во судири со полицијата, која се обиде да го разбие протестот, кој трае веќе четири дена.
Демострантите се противат на узурпацијата на јавната површина, на која се планира изградба на трговски центар
Полицијата утрово упаднала во импровизираниот камп во паркот Гези, во близина на плоштадот Таксим. Во кампот од понеделникот спиеле стотици демонстранти, кои изминатите денови добиваа поддршка од илјадници граѓани на најголемиот турски град.
Употребувајќи солзавец, водени топови и гумени куршуми, полицијата насилно ги разбила демонстрантите и уапсила триесетина луѓе. На полициската акција реагираше организацијата Амнести интернешнал, која обвини дека полицијата употребила прекумерна сила