Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Источните земји на ЕУ одбиваат да примат бегалци

0
By Светлана Јовановска on August 31, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерите на Вишеградската група (Унгарија, Полска, Словачка и Чешка) ќе се состанат во Прага во наредните денови за да дебатираат за бегалската криза, најави чешкиот премиер Бохуслав Соботка. Тој додаде дека овој вонреден самит ќе го отфрли предлогот на ЕУ за квоти бегалци кои треба да се распределат во земјите членки на ЕУ.

«Се надевам дека ќе усвоиме позиција во однос на европскиот предлог», рече тој додавајќи дека ќе биде потврдена одлуката за отфрлање на квотите. Тој смета исто така не треба да има надеж дека бегалската криза брзо ќе заврши и дека ниту една членка на ЕУ не може проблемот сама да го реши». Според него, потребно е решение на европско ниво.

Неговите колеги од Унгарија и Словачка најавија дека ќе дојдат на состанокот и се очекува потврда од полската премиерка Ева Копач за да се фиксира датум за средбата.

Словачкиот премиер Роберт Фико изјави денес дека неговата земја нема никогаш да се согласи со квотите бегалци. Тој рече исто така дека не може да ги прифати критиките за оваа словачка позиција кои доаѓаат од «земји кои не го прифаќаат влезот во Шенген на Романија и Бугарија».

Очигледно е дека оваа изјава се однесува на Германија и Франција кои во 2010 година не се согласија со влезот во Шенген зоната на Бугарија и Романија велејќи дека во овие две земји цутат организираниот криминал и корупцијата.

Минатата недела од Словачка дојде изјава во која се вели дека оваа земја може да прими бегалци но само ако тие се христијани. Премиерот за “Вашингтон Пост” изјави дека “Словачка не може да толерира бран на 300 до 400.000 муслимански мигранти кои ќе почнат да градат џамии насекаде и ќе се обидат да ја сменат природата, културата и вредносите на нашата земја”.

Во текот на изминатите денови повеќемина западни политичари ја критикуваат оваа позиција на источните земји на ЕУ за отфрлање на квотите. Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус изјави дека е «скандализиран» од источните земји на ЕУ и нивната позиција кон бегалската криза со која се отфрла предлогот за квоти за прием на бегалците во земјите на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.