Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истовремено, еднаквоста пред законот бара и нешто повеќе

0
By Zoran Ivanov on April 7, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 7, 2026 09:21

Андреја Стојковски: Денешниот студентски протест во Скопје отвора прашања што одат подлабоко од конкретниот повод.

Законот го вели она што го вели. Се носи во одреден историски момент, но неговата вистинска вредност е во тоа дали може да го издржи тестот на времето. Токму таму се гледа дали во неговото обликување и прилагодување сме овозможиле да придонесе кон раст и развој на општеството.

Правото на студентите да се образуваат и да го завршат образованието на својот мајчин јазик е суштинско. Во таа смисла, полагањето на правосудниот испит, за оние кои одлучиле да го практикуваат правото како адвокати, претставува заокружување на образовниот процес и стекнување со можност да вршат професија. Оттаму, тие треба да можат да го сторат тоа на јазикот на кој студирале. Секое ограничување на таквото право, на крајот, го ограничува и самиот систем.

Истовремено, еднаквоста пред законот бара и нешто повеќе. Таа подразбира дека секој што влегува во правната професија како адвокат мора да биде подготвен да им служи на сите граѓани. Адвокатите не смеат да застапуваат само случаи на припадници од сопствената етничка заедница. Оттаму, одбраната и застапувањето мора да бидат разбирливи. Ова природно поставува очекување за способност да се работи на македонски јазик, но и потсетува дека разбирањето не треба да оди само во една насока. Тука се враќаме на една поедноставна, но повисока идеја: општество во кое се разбираме додека зборуваме на својот мајчин јазик. Каде учењето на јазикот на другиот не е обврска, туку мост.

Можеби токму ваквите моменти нè потсетуваат дека законите сами по себе не се доволни. Потребна е и подготвеност да се слушне, да се разбере и да не се дозволи прашања од овој тип да станат повод за нови поделби. И, можеби најважно, да се зачува фокусот на суштината-правата да се унапредуваат, без да се изгуби чувството за заеднички простор во кој тие права треба да функционираат.

Извор: Фејсбук

Андреја Стојковски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

ВЕСТИ April 12, 2026

Високите претставници на американската и иранската делегација го напуштија Исламабад по 21 час преговори без…

ФОП за финалната верзија на законот за високо образование: Консултациите беа театар во кој студентите и професорите беа статисти

April 12, 2026

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

April 12, 2026

По 1.117.515 километри и круг околу Месечината НАСА го спушти Орион на Земјата

April 11, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.