НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражувањата на археолошкиот локалитет Влахо укажуваат на интезивен живот во текот на раниот неолит

0
By Marija Todorovska on October 14, 2024 ТЕМА
DCIM100MEDIADJI_0022.JPG
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неодамна заврши истражувањето на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија. Центарот за истражување на предисторијата известува дека на овогодинешното истражување се вршеше сондажно ископување во задниот дел на неолитската населба со цел да се направи увид во културните слоеви на овој простор. Се констатирало дека тие се напластени во длабочина поголема од 2 метри и се доста подлабоки од оние детектирани во сондите во источниот и јужниот дел, што укажува на особено интензивен живот во оваа населба во текот на раниот неолит.

Во рамки на ова мноштво на културни слоеви се констатираше присуство на повеќе архитектонски структури, меѓу кои и остатоци од една земуница, градба вкопана во земја. Освен неа се открија подови од повеќе надземни објекти градени еден врз друг, а сочинети од наталожени слоеви на гареж и пепел, што упатува на горење после нивната примарна функција.

Интересно е што во одреден простор на овие наслоени градби, се поставувале внимателно редени и поплочени камени мелници за брашно, притоа формирајќи невообичаени структури во повеќе етапи од животот во овие објекти. Некои од пронајдените мелници се вертикално и странично поставени, потврдувајќи ја нивната секундарна функција како градежни или обредни предмети.

Кон интензивниот живот во раниот неолит на овој простор упатуваат и бројните наоди откриени во детектираните културни слоеви. Меѓу нив најприсутни се остатоците од керамика, односно глинени садови не ретко сликани со бела боја или обликувани во форма на животно. Исто така се открија и предмети поврзани со други секојдневни активности, како што се камените ножиња и секири, коскените игли, керамичките кугли за ловење, дисковите и теговите за ткаење итн.

Имајќи ги предвид и податоците добиени од континуираните истражувања на Влахо кои траат од 2020 година, станува збор за културни слоеви кои го евидентираат животот во оваа неолитска населба меѓу 6400 и 6000 година пред новата ера. Во овогодишната кампања намерно беше избран простор кој се наоѓа меѓу два од десетината ровови констатирани со геомагнетното скенирање на локалитетот. Тоа потврди дека во него се одвивале динамични општествени и симболички процеси во најраните етапи на неолитот, а кои резултирале со постепено формирање на културни слоеви во длабочина дури повеќе од 2 метри.

Истражувањето на археолошкиот локалитет Влахо е резултат на постојаната плодна соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола, а која континуирано трае од 2015 година. Благодарение на оваа соработка се истакна уникатниот карактер на Влахо кој има есенцијално значење за македонското културно наследство. Овој локалитет предизвика големо внимание во светската научна јавност поради својата изненадувачка старост и автентичните архитектонски обележја, како и поради неговото неоправдано уништување при експлоатацијата на јаглен. Во таа насока Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола значително придонесуваат во заштитата и промовирањето на овој уникатен археолошки локалитет во Македонија, но и пошироко во Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.