НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување на „Евростат“ – 72 отсто од македонските граѓани читаат вести онлајн

0
By Sashko on August 24, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седумдесет и два отсто од корисниците на интернет во Северна Македонија читаат вести онлајн, покажува истражувањето на Евростат.

Повеќе вести на интернет, во земјите во регионот, од македонските граѓани читаат Грците (90 отсто), Црногорците (80) и Србите (77), а помалку Албанците (58 отсто).

Во Европската Унија (ЕУ), девет од десет луѓе на возраст меѓу 16 и 74 години, користеле интернет минатата година, а најмногу за читање вести.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу корисници на интернет кои читаат онлјан вести се регистрирани во Финска (93 отсто), Литванија и Чешка (92 отсто) и Хрватска и Грција (90 отсто).

Најмалку читатели на вести на интернет има во Романија (59 проценти), Германија (62 проценти), Франција (63 проценти), Италија (64 проценти) и Белгија (67 проценти).

Во споредба со 2016 година, употребата на интернет за читање онлајн вести се зголемила повеќе кај жените, отколку кај мажите, но генерално, според Евростат мажите го користеле интернетот за читање вести почесто од жените, 74 отсто во споредба со 71 отсто.

Читањето на „онлајн сајтови за вести“ е најпопуларно кај возрасната група од 25 до 54 години (75 отсто).

Процентот на корисници на интернет најмногу се зголемил во руралните средини (од 65 отсто во 2016 година на 69 отсто во 2021). Според степенот на образование, пак, онлајн вести најмногу читаат луѓето со високо образование – 85 отсто, додека кај граѓаните со пониско ниво на образование тој процент изнесува 57.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.