Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Општините се со ниско ниво на отвореност во работењето – не објавуваат плати и надоместоци и се со слаб квалитет на планирање  

0
By Mirjana on September 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Индексот на отвореност што бил предмет на истражување на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис во рамки на проектот на УСАИД , за граѓанско учество, покажал дека Единиците на локалната самоуправа применуваат  ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во нивното работење.

Истражувањето на Индексот на отвореност  за кој биле користени 139 индикатори поделени во 4 области и 9 подобласти и кое било спроведено  од први јуни до 15 јули 2021 година во сите 80 општини и Градот Скопје, покажало дека има разлики во отвореноста на општините помеѓу планските региони. Па така во југоисточниот плански регион просечната отвореност на општините била  34% , додека во Полошкиот регион  19%.

Единиците на локалната самоуправа исполнуваат само 27% од индикаторите опфатени со подобластите за финансиска транспарентност. Само 10 општини имале објавено граѓански буџет, покажало истражувањето , со што се скратува можноста на граѓаните на едноставен начин да го разберат општинскиот буџет. Она што се утврдило исто така е дека општините не објавувале плати за функционерите и за надоместоците на членовите на Советот на општините.

Инаку пристапноста до и видливоста на сите финансиски информации: буџети, завршни сметки, финансиски извештаи и јавни набавки се законска обврска на општините и јавните претпријатија. Планирањето и трошењето на јавните пари на транспарентен начин е заложба на дел од општините и се забележуваат добри практики кај дел од нив, наведуваат од Метаморфозис за истражувањето на кое учествувале само 36 општини или 44% од (ЕЛС). Истражувањето било со маргина на грешка од +/- 3%, а на општините што не учествувале во истражувањето, им била дадена оценка 0 за индикаторите.

Највисока просечна оцена општините имале за индикаторите во областа транспарентност 32% а најниска просечна оценка имаат во областа свесност 13%. Многу нискиот резултат во областа свесност, укажува на слабиот квалитет на планирањето, програмирањето, мониторингот и евалуацијата на политиките кои се спроведувани од ЕЛС, се објаснува во извештајот на Метаморфозис.

Најдобри резултати на Индексот на отвореност за годинава имаат, Охрид  51%, Василево 48% и Кочани 48% најниско рангирана е Пласница 3%.

Во однос на транспарентноста најдобри резултати покажала општината Василево 58% а најниски општина Врапчиште 4%.

Исклучително ниско ниво било забележано во делот на објавување на одлуките донесени од градоначалникот и на Советите на општините. Дури 21 општина немала објавено никакви податоци поврзани со процесот на носење одлуки а најдобри резултати на ова поле имала општина Струмица 76%.

Најдобра општина за индикаторот  финансиска транспарентност е Карпош 58% а најниско оценети се општините Теарце, Сарај, Студеничани, Сопиште, Пробиштип, Врапчиште и Арачиново.

Истражувањето покажало и дека 73% од општините или 59 од нив не користеле индикатори за успешност при изработка на годишните планови за работа и извештаите за работа . Непостоењето на овие и вакви податоци ја оневозможува јавноста реално да ја следи работат на општините и да има јасна слика за сработеното.

За индикаторот пристапност кој претставува колку граѓаните се вклучени прио задоволуивање на нивните потреби и барања, на прво место е општина Битола 51% а на последно Пласница 0%.

„Интегритетот“ го проценува конзистентното придржување кон етичките вредности , принципи и норми  кои што имаат за цел приоретизирање на јавниот интерес  во однос на приватниот. Според препораките на ОЕЦД, институциите треба да имата развиено стратешки пристап за подобрување на јавниот интегритет и ублажување на ризиците од корупција во јавниот сектор. 21% од општините немале објавено никаква информација во оваа област. Само 29 општини на своите веб страници објавиле информации за спонзорства и донации а само 8 општини објавиле детални информации за огласи за вработување и нововработени лица.

Иако има подобрувања на отворени податоци кај некои општини, сепак генерално (ЕЛС) треба да поработат на подготовка на податочни сетови.Значајно е да се спомене дека градот Скопје има објавено нови 14 податочни сетови , во отворен формат, на националниот портал „data.gov.mk“, но овие податочни сетови не се објавени на нивната веб-страница ниту постои линк до податоците, стои во истражувањето на Метаморфозис помогнато од УСАИД .

Националниот портал за отворени податоци „data.gov.mk“, до денес содржи 281 сетови на податоци објавени од 57 субјекти, од кои само 3 се од општините.

М.Т.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.