Човекот кој го организираше митингот „Да ја обединиме десницата“ во Шарлотсвил, во американската федерална држава Вирџинија и на кој дојде со судири меѓу белите националисти и контрамитингашите, при што загинаа тројца, а 35 се повредени, вчера се обиде да одржи прес конференција во што беше спречен од публиката која го исфрирка и физички го нападнаа.
Џејсон Кеслер, блогер од Шарлотссвил се обиде да оджи говор пред градското собрание, но беше дочекан со скандирање и тропање со тапани, а пувликата дофрлаше дека носи погрешна качулка алудирајќи на Кју Клукс кланот.
Кеслер побара обезбедувањето да му помогне и го напушти местото по што бил нападнат од неколкумина од публиката.
Учесниците на митингот се противат на планот на локалните власти од паркот во центарот на градот да ја отстранат статуата не генералот Роберт Ли, командант на силите на Конфередерацијата во американската граѓанска војна и противник на укинување на ропство.
На митингот се случи сериозен инцидент кога возило влета во топлата, при што една жена беше прегазена. Возачот е приведен.

