Во италијанскиот парламент денеска ќе се одржи гласање за доверба на владата предводена од премиерот Енрико Лета, откако Силвио Берлускони им нареди на своите министри да ја напуштат владата.
Сепак изненадувачка беше најавата на дел од партијата на Берлускони чии членови највија дека ќе го поддржат премиерот. Од друга страна Лета ги одбил оставките на петте министри од ПДЛ, јавуваат странските медиуми.
Поранешниот премиер Берлускони го обвини Лета дека „допушта негов атентат преку судот“, алудирајќи на најновата пријава против него за неплаќање данок. Затоа Лета смета дека напуштањето на владата од страна на Берлускони и членовите на неговата партија е одмазда за казната.