Политичките партии во Италија ги одржаа нивните последни митинзи пред општите избори кои почнуваат во недела.
Тие не смеат да водат кампања во 24 часа пред да се отворат изборачките места. Централно-левичарската Демократска партија (ПД), предводена од Пјер Луиџи Берсани има водство, а коалициите предводени од премиерот во заминување Марио Монти и екс-премиерот Силвио Берлускони исто така се во трката.
Анкетите сугерираат дека, исто така, ќе биде силен одѕивот за популарниот комедијант Бепе Грило и неговото Пет ѕвезди движење, кое е граѓанско движење на анти-естаблишментот.
Изборите се одржуваат во услови на длабока рецесија и мерки за штедење кои предизвикаа јавно незадоволство. Исто така се внимателно следени во еврозоната, за да се осознае иднината посветеност на италијанската влада околу мерките за штедење.