Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија поддржува „Европска здравствена унија“

0
By НОВА ТВ on November 16, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија би сакала да види многу посилна соработка во Европската унија во областа на здравствената политика, а плановите на европскиот блок за „Европска здравствена унија“ се чекор во вистинската насока, изјави денеска италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

– Ни треба подобра координација во Европа, со повеќе европски решенија и државите мора да се осмелат да се откажат од дел од својот суверенитет по ова прашање. Тоа е една од лекциите од ова време, рече Сперанца.

Европското тело за подготвеност и одговор при итни случаи (ХЕРА), основано од Европската комисија, почна да функционира во септември и се очекува целосно да биде оперативно на почетокот на 2022 година.

Сперанца смета дека членките на ЕУ треба да бидат отворени за нови проекти со цел ХЕРА да се покаже успешна.

– Мислам дека ни треба храброст во таа насока, додаде тој.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан начелно ја поддржува идејата на Европската комисија, но смета дека главниот збор треба да го имаат земјите-членки.

Идејата е во иднина ХЕРА да биде способна да идентификува претстојни здравствени кризи и брзо да реагира на нив низ целата Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.