Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија пред избори соочена со цунами од лажни вести. Грција ја тресе политички скандал со прислушување на опозициски лидер

0
By Xhabir Deralla on September 21, 2022 КОМЕНТАРИ
Џорџија Мелони, лидерка на екстремната десничарска партија Браќата на Италија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борјан Јовановски

Италијанско цунами од лажни вести

Италија неделава пред изборите, закажани за недела, е соочена со цунами од лажни вести. Гласачите на само неколку дена пред изборите имаат проблем: да ја одвојат вистината од лагите што ги читаат на интернет.

И покрај загриженоста дека Русија ќе се обиде да се меша во кампањата, италијанските политичари и влијателните на социјалните медиуми досега одиграа најголема улога во ширењето на онлајн лаги поврзани со изборите, се вели во анализата на Дигитал Бриџ.

Лажните вести главно за таргет ги имаат имигрантите, упатуваат обвинувања против Европската унија и промовираат поддршка за руската инвазија на Украина. Според ова истражување, тешко е да се претпостави дека Кремљ стои зад таквите широко распространети онлајн пораки. Лошата вест е дека Италијанците е поверојатно да веруваат во она што го читаат од локалните нерелевантни извори.

Како жешки теми во оваа изборна кампања во онлајн дискусиите доминираат – зголеменото ниво на имиграција и поддршката на Европа за Украина во војната со Русија. Особено, улогата на мигрантите во италијанското општество стана клучна точка за зголемување на поддршката за екстремно десничарските политичари.

Во последниве недели, страниците на Фејсбук специјално создадени за поттикнување антиимигрантско расположение објавуваа видеа и слики на наводни имигранти како тепаат или злоупотребуваат луѓе. Овие објави на социјалните мрежи, колективно, се споделени илјадници пати, особено преку екстремно десничарски инфлуенсери.

Фејсбук и Твитер велат дека презеле акција против дезинформациите поврзани со изборите во Италија и промовирале легитимна мејнстрим содржина на вести за претстојното гласање.

Од февруари, италијанските политичари од сите политички партии се откажаа од поддршката за Владимир Путин. Но на интернет, некои италијански влијателни личности, корисници на социјалните мрежи, продолжуваат да ја доведуваат во прашање поддршката на ЕУ за Украина.

Во недела, Италија се очекува да ја поддржи новата десничарска коалиција, предводена од Џорџија Мелони од партијата Браќата на Италија. Исходот од гласањето ќе биде критичен за италијанската економија и политичката динамика во блокот од 27 земји, каде што се очекува искусниот Марио Драги, италијанскиот премиер во заминување, да биде заменет со лидер на екстремната десница.

Грчки скандал со прислушување на опозициски лидер

Грчката Национална разузнавачка служба ги уништи досиејата со деталите за следењето на европратеникот и партиски лидер на ПАСОК Никос Андролакис, изјави претседателот на Грчката управа за безбедност и приватност на комуникациите (АДАЕ) Христос Рамос.

На 29 јули, Андрулакис поднесе тужба до Врховниот суд во врска со обидот за прислушување на неговиот мобилен телефон користејќи шпионски софтвер Predator. Неколку дена подоцна, се појавија извештаи дека неговиот телефон бил прислушуван од грчката служба за разузнавање, принудувајќи го Григорис Димитријадис, тогаш генерален секретар на владата, и Панајотис Контолеон, шефот на разузнавањето, да поднесат оставки. Владата рече дека следењето на Андрулакис било погрешно, но не и противзаконско, додека обидот за употреба на „предаторот“ во истиот период бил случајност.

Според официјалните лица во истрагата, Рамос рече дека Контолеон наредил досието да биде уништено истиот ден кога Андрулакис се пожалил дека бил следен. Ова ги потврдува неколкуте медиумски извештаи во последниве недели кои укажуваа дека досиејата на Андрулакис и на новинарот Танасис Кукакис, кои исто така случајно биле под надзор на службата и на Предатор, биле испразнети. Рамос рече дека ставот на Темистоклис Демирис, новиот шеф на разузнавањето, одбива да соработува повикувајќи се на доверливост на информациите во овој случај.

Новиот шеф на службата , Демирис во текот на парламентарната истрага признал дека премиерот Киријакос Мицотакис, кој е одговорен за тајната служба, може да го укине принципот на доверливост.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.