Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, оствари денеска средба со Андреа Силвестри, амбасадорот на Италија во земјава, на која, меѓу другото, беа разменети мислења околу обврските што треба да ги реализира законодавната власт во наредниот период до редовните претседателски и парламентарни избори.
Амбасадорот Силвестри прво му го честиташе изборот на Митревски за претседател на Собранието, посакувајќи му успешна работа во динамичниот период до изборите. Митревски го информира амбасадорот дека 11.парламентарни избори што претстојат се први редовни по повеќе години, така што Собранието ќе работи во полн капацитет во периодот што следи, до почетокот на кампањата.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.