Италијанскиот сенат изгласа да се исклучи екс-премиерот Силвио Берлускони од Парламентот, како непосреден ефект врз неговата пресуда за даночна измама.
Берлускони, кој доминира во политиката веќе 20 години, сега се соочува со апсење во однос на другите криминални случаи откако го изгуби имунитет од кривично гонење, јавува ББЦ.
Тој пред симпатизерите во Рим прогласи “ден на жалост” за демократијата.
Пред гласањето, тој вети дека ќе остане во политиката да ја води својата Форца Италија во “борбата за доброто на Италија.”
Пркосниот Берлускони на поддржувачите кои се собраа пред резиденцијата во Рим им кажа дека “нема политички лидер кој претрпел прогонство како што јас преживеав”.
Тој рече: “Ова е горчлив ден, ден на жалост.”
Берлускони, 77, рече дека ќе ја продолжи битката надвор од Парламентот.
Тој рече: “Ние мораме да останеме на теренот, не смееме да бидеме во очај ако лидерот на централно-десничарската не е сенатор повеќе. Постојат лидери на други партии кои не се пратеници”.
Гласањето го означува крајот на процесот кој утврди дека Берлускони не може да учествува во какви било општи избори за шест години.