Италијанскиот свештеник Андреа Маџи од едно мало село на север на земјата Кастел Виторија ја запали фотографијата на сега веќе поранешниот папа Бенедикт VXI за време на неделната миса, со што предизвика револт кај голем број верници ширум светот.
Тој го обвини Рајтцингер дека „го напуштил стадото“.
Во разговор за италијаскиот весник „Република“ изјави дека се чувствувал „прекрасно“ додека горела фотографијата и го спореди Рајтцингер со капетанот Франческо Скетино, кој е обвинет за напуштеање на крузерот Коста Конкордија по хаваријата кај заливот Џилио, минатата година.
Џиан Стефано Оренго, градоначалникот на Кастел Виториа, изјави дека чинот на свештеникот Маџи предизвикал згрозување кај верниците по што половината од нив ја напуштиле мисата.
„Пред почетокот на мисата, свештреникот ја зеде фотографијата на поранешниот Папа и рече – Ова не е папа, ова не е пастир, го напишти своето стадо“, објасни Оренго и додаде дека Маџи фотографијата ја запалил со пламен од свеќа од олтарот.