НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италијанските карабинери донираа униформи и опрема за Шумската полиција во вредност од 4,2 милиони евра

0
By Sashko on September 26, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесет контејнери со 54 тони униформи и опрема во вредност од 4,2 милиони евра донираа италијанските карабинери за Шумската полиција на Северна Македонија.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски му се заблагодари на италијанскиот амбасадор Силвестри за донацијата, потенцирајќи дека дел од опремата се за Шумската полицијата, дел се за армијата со која таа соработува.

„Пристигнаа првите 14 од вкупно 20 камиони со над 6.000 парчиња на летни и над 11.000 парчиња зимски униформи, над 1.600 мантили, 8.500 летни кошули, 5.600 зимски кошули, како и волнени џемпери, елеци, капи, маици, високи, ниски чизми, разни обувки, кабаници и друга дополнителна опрема за терен. Вкупната бројка на донираната униформа од Италија е 46.000 парчиња или во вредност од над 4,2 милиони евра“, истакна Николовски.

Униформите, како што нагласи тој, ќе ги користат и припадници и на други институции кои учествуваат во заштита на нашето природно богатство.

Припадниците на Шумската полиција во минатата година, првпат после 12 години, добија по два сета летни и зимски униформи во вредност од 12 милиони денари, обезбедени со средства од Буџетот на МЗШВ.

„Со донацијата на италијанските Карабинери, Шумската полиција ќе биде доопремена со сето она што им е потребно за непречено извршување на задачите“, изјави Николовски.

Деновиве треба да пристигнат уште шест последни пратки со што донацијата ќе биде целосно испорачана.

„Постојат строги протоколи како и во кои моменти може да се отвори, како ќе оди целиот процес на обработка, дистрибуција и така натаму, за што ќе се формираат повеќе работни групи“, рече Николовски.

Италијанскиот амбасадор Силвестри изјави дека се комплетира донацијата за Шумската полиција, процедура која е отпочната лани и за што логистиката е на Карабинерите, кои ги презеле надлежностите од поранешната италијанска Шумска полиција.

„Се работи за униформи за мажи и жени за различните годишни времиња во целосна тежина од 54 тони, пренесени со помош на карабинерите на Италија со 20 контејнери. Нивната количина е толку голема што ќе можат да бидат искористени и од различни единици на полициските сили на Северна Македонија“, рече Силвестри.

Вашата земја има голема територија која има потреба за заштита од Шумската полиција, додаде тој, посочувајќи дека Италија на овој начин дава конкретна поддршка за засилување на капацитетите за заштита на тие територии.

„Оваа поддршка е во согласност со одличната соработка што ја имаме со Министерството за земјоделство. Со Министерството веќе започнавме програма за споделување на италијанските искуства во полето на земјоделство, прехранбената индустрија и животната средина. Веќе започнавме со дел од семинарите, првиот дел се за биолошкото производство, понатаму на земјоделството за време на пандемијата и на прехранбените географски ознаки“, рече италијанскиот амбасадор.

Наредниот семинар ќе биде посветен на географските ознаки и ќе се одржи во рамките на Неделата на италијанската кујна во светот, на која ќе има презентација на италијанската брза храна.

На 8 октомври во Музејот на современа уметност ќе биде отворена изложба „Лендарт“ на двајца италијански уметници, направени во националниот парк Шар Планина.

„Ова е уште еден знак на внимание на целото шумско и природно наследство на Северна Македонија“, рече италијанскиот амбасадор.

Силвестри потенцира дека ова е уште еден доказ за односите меѓу Северна Македонија и Италија, што беше, исто така, потврдено и со неодамнешната посета на италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.