Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иван Поповски со хит на сезоната на московската театарска сцена

0
By Нова ТВ on July 3, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерата на претставата „Сон на летната ноќ“ од македонскиот режисер Иван Поповски која се одржа на 18 јуни предизвика невиден интерес од страна на публиката.

Ова го докажува и фактот дека до крајот на летната сезона билетите за претставата се веќе распродадени. На почетокот беа најавени само неколку репризи до почетокот на јули, а во моментов претставата се наоѓа на репертоарот до 26 јули, јавува Руска реч на македонски.

Најромантичната и најволшебната комедија на Вилијам Шекспир оваа година доживеа вистински лет кон небото. На премиерата уште од самиот почеток на лицата на гледачите се појавија искрени насмевки кои сведочат за нивното задоволство од она што го гледаат. Вили, џуџиња, амазонки се шетаат не само на сцената туку и меѓу публиката, комуницираат со неа, ја внесуваат во самата претстава. Сево ова беше апсолутно пријатно изненадување за посетителите, кои со задоволство влегоа во приказната.

Според она што можеше да се види, да се слушне и да се прочита по премиерата, може да се заклучи дека „Сон на летната ноќ“ не може, а да не му се допадне некому. Им се допаѓа на гледачите, им се допаѓа на актерите што играат во неа, а критиката беше апсолутно штедра кон оваа поставка на Поповски. До денешен ден не престануваат позитивните критики. Радијата и телевизиите постојано зборуваат за претставата, а на социјалните мрежи можат постојано да се прочитаат позитивни критики и од страна на гледачите.

Во својата најнова претстава Поповски ги има ангажирано актерите од сите поколенија на Московскиот театар „Ателје на Пјотр Фоменко“. Серафима Огарева ја игра улогата на Хермија, а Карен Бадалов херцегот Тезеј и царот на елфовите Оберон, две улоги има и актерката од првиот состав на Московскиот театар „Ателје на Пјотр Фоменко“ Галина Тјунина. Таа ги игра ролјите и Иполита и Титанија, додека Амбарцум Кабањан е Филострат.

Она што е исто така интересно е фактот што Поповски за основа на претставата го зема најновиот превод на оваа Шекспирова комедија направен од Осија Сорока. Можеби во ваквиот избор и се крие дел од маѓијата и од успехот што го донесе претставата. Преводот на Сорока е направен за современиот читател, мошне јасен и концизен, но многу близок до јазикот на Шекспир.

Претставата е работена според традициите што зад себе ги остави големиот мајстор на театарот Пјотр Фоменко. Ова е прва претстава по смртта на театарскиот великан во која и режисерот, и сценографите и актерите се потпираат на еден мошне интересен пристап – проба. Нивните дијалози, интерпретацијата, интонацијата, гестовите и погледите воопшто не изгледаат играно, вештачки, ами, напротив, со леснотија се предаваат од актер на актер, од сцената кон публиката.

Сценографијата, пак, е толку волшебна што понекогаш можете да се запрашате дали сте случајно влезени во некаква сказна. Актерите прават акробации, висат од платната поставени на сцената, ни прикажуваат некакви финти, кои за публиката ќе останат загатка. „Многу често ме одвлекува натаму, многу често сакам да користам некакви специјални ефекти, но во овој случај сакав да направам да биде колку што е можно поедноставно, колку што е можно поблиску до актерите, но во исто време да има и воздух и сон на летната ноќ“.

Како што вели и самиот Поповски оваа претстава е колективен производ, готови и цврсти решенија до почетокот на пробите воопшто и не постоеле. Во процесот на подготовката на претставата сите биле вклучени во креацијата и во обликувањето на изведбата, што претставува еден од уникатните пристапи на Поповски. „Сè се раѓаше заедно, целата претстава, се гледа дека јас понекогаш се обидував да ги запрам, понекогаш да им дадам мали насоки, понекогаш нешто да одземам“, вели тој за процесот на подготовката.

Последната изведба на „Сон на летната ноќ“ во оваа сезона ќе биде на 26 јули, но од Московскиот театар „Ателје на Пјотр Фоменко“ ветуваат дека наесен таа повторно ќе се најде на репертоарот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.