-Но, видовме дека има и други кои многу повеќе се фалат со своите зборови, отколку со своите дела. Слушнавме се и сешто. Но, граѓаните им одговорија во неделата. Кажаа што почитуваат. Граѓаните кажаа што вреднуваат. Граѓаните кажаа што е за нив најбитно. Битно е она што се остава зад себе. Затоа се гради во Македонија. За да идните поколенија за да живеат подостоинствен живот.
Покажавме дека не бегаме од предизвици. Можеме да се соочиме со секој предизвик на Македонија. Има многу предизвици. Ќе ги има уште. Но, кога сме заедно, кога сме сплотени, кога сме посветени, тогаш можеме да ги совладаме сите предизвици на Република Македонија.
Почитувани граѓани,
Победивме во првиот круг. Не очекува 27-ми април. Масовно да излеземе и на вториот круг и на парламентарните избори. Ова можеби се и најважните избори за Република Македонија. Од овие избори носиме одлука во каква Македонија ќе живееме. Од овие избори се трасира патот, за иднината на Македонија.
Направете вистинска одлука и на 27-ми април дајте го вашиот глас. На 27-ми април, поттикнете ги сите што не излегоа, во недела да излезат и да гласаат. Да гласаат за себе, за своите семејства, за своите деца. Да гласаат за иднината на Македонија.
интегрален дел од говор на кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов во Валандово