Во изминатите пет години многу постигнавме бидејќи имавме единство. Покажавме дека институциите можат, но и треба да соработуваат, а не да се конфронтираат, како во минатото, порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов на вечерашниот предизборен митинг во Штип.
Со дела ја оправдав вашата доверба и затоа поднесов отчет, рече Иванов додавајќи дека да ја сакаш татковината значи дека државата е пред се и Македонија дека е пред се.
Посочи дека Македонија се сака со дела. – Со таква посветеност ви служиме и вам граѓаните на Република Македонија. Покажуваме дека ова е земја која нуди добар живот и со вашиот глас да ја водиме државата во просперитетна иднина, рече Иванов.