Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов им се заблагодари на сите граѓани и притоа кажа дека очекува уште поголема поддршка во следниот круг за неговиот тим.
-Со овој резултат граѓаните најавија што ќе се случи на 27. Добивање двојна победа и добивање на 62 мандати, изјави Иванов, кој пристигна во штабот на ВМРО-ДПМНЕ со сопругата Маја Иванова.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во обраќањето изјави дека денеска Македонија покажа дека има разлика и дека нашиот народ препознава разлика.
-Оваа поддршка ни дава надеж за следниот круг за да добиеме 62 мандата во Парламентот.
Слушнавме многу анкети и истражувања. Некои можеби поведуваа во тие лажни анкети, ама сега е јасно дека нашиот апел беше целосно вистинит и реален.
Денес СДСМ го победивме во сите општини освен во неколку.
Се надеваме дека и дури оние кои не гласале или гласале за противкандидатите да ни дадат поддршка за следниот круг, изјави Груевски.