Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Институциите да го подобрат стандардот на АРМ

0
By Нова ТВ on August 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската армија, по професионалноста, посветеноста и резултатите, ги надминува постојано нашите очекувања, рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов на централната свеченост по повод Денот на АРМ – 18. август, како што јавуваат македонските медиуми.

На свеченоста во Скопје, македонскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов порача:

-Верувам дека ќе дојде денот кога кон успешното учество во мировните мисии и бројните индивидуални одличја ќе се придодаде и колективното признание кое сме го заслужиле – полноправното членство на Република Македонија во НАТО.

Иванов изјави дека македонската армија е ценет и посакуван партнер на НАТО. Според него, тајната на успехот на армијата е посветеноста кон реформите кои се прават за интероперабилност со структурите кон кои се стреми земјата.

-Треба да сме свесни дека без континуирано вложување во армијата, стекнатата реформска кондиција може лесно да се изгуби. Како што вооружените сили имаат уставна обврска да го штитат територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија, така и сите ние имаме обврска да им обезбедиме подобри услови на оние кои нe чуваат нас и нашите деца.

Како врховен командант на вооружените сили, цврсто сум уверен дека институциите во РМ надлежни за обезбедување финансиски средства, треба да преземат одредени мерки за подобрување на животниот стандард на припадниците на нашата армија, рече Иванов.

На свеченоста се обрати и министерот за одбрана Талат Џафери, кој нагласи дека македонската армија денес е професионална војска составена од добро подготвени мажи и жени. Воените сили, како што рече Џафери, се пополнети на ниво од 90 проценти, од кои 27 отсто се припадници од немнозинските заедници, а 10 проценти се жени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.