Писмото на грчкиот премиер, според претседателот Горѓе Иванов, е само потврда дека Македонија нема со кого да дојде до решение за името и дека нема соговорник на темата.
„Немаме со кого да дојдеме до решение. Се избегнува дијалог, а само така може да се надминат несогласувањата. Во регионот имало многу проблеми, но сите биле решени со дијалог. На секоја наша иницијатива, добиваме негативен одговор од грчката страна“, вели претседателот.
„Ништо друго не може да се очекува од човекот што пред две децении го создаде проблемот со името Република Македонија, и сега сака да се оттргне од негово решавање”, истакна тој.
Околу барањата на СДСМ за меѓупартиски консултации по ова прашање, Иванов вели дека државниот врв постојано се координира, и дека доколку се констатира политичка основа дека постои потреба за средба меѓу партиите во земјава, тогаш најверојатно и ќе дојде до таква
>>Оргиналното писмо на Самарас до Груевски
Суштината според Самарас не е во создавањето дополнителни преговарачи, туку во демонстрирањето вистинска обврска и волја да се најде решение. Во одговорот грчкиот премиер вели дека за процесот во Обединетите Нации под палката на медијаторот Метју Нимиц му имаат дадено целосен мандат на нивниот преговарач Адамантиос Василакис со цел да се најде решение:
-Не гледам, искрено, дополнителна вредност во реирање дополнителен механизам покрај преговарачките тимови кои веќе постојат. Решението нема да дојде преку одредување дополнителни преговарачки кои ќе имаат, како што велите, политички мандат, напиша Самарас.