ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и натаму молчат што ќе преземат за надминување на политичката криза во земјата.
Се уште нема информации што конкретно еврокомесарот Штефан Филе им порачал на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски и на претседателот Ѓорге Иванов.
Од кабинетот на Иванов единствено потврдија дека шефот на државата не планира да организира нова лидерска средба. Од таму соопштуваат дека нема промена во ставот на Иванов и на она што го изјавил пред недела дена, односно дека нема потреба да се одржуваат такви средби, туку дијалогот треба да се врати во институциите
Од високи извории од СДСМ, се дознава дека партијата ќе се држи до договореното – да не се излегува со информации во јавноста и неофицијално, според нив, посетата на Филе и начинот на кој беше изведена, само говори за сериозноста на ситуацијата и на политичката криза.