Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Република Македонија ерга омнес

0
By Нова ТВ on June 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мојот став за името е Република Македонија erga omnes (за севкупна употреба), порача Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и посочи дека земјата е конструктивна и прави се за изнаоѓање решение за наметнатиот спор.

– Јас ги кажав и сите ги знаат моите ставови, така што ќе опстојувам на тоа и понатаму, а тоа е Република Македонија ерга омнес. Сум дал заклетва пред тој Устав. Ние разговараме за нешто што некој ни го оставил во наследство и бараме решение. Не сакаме да сме ние виновни, кога еден ден некој ќе повлече линија и ќе каже вие сте виновни за тоа.

– Ние секој пат сме конструктивни и Нимиц го знае тоа. Сме наоѓале начини за да ги оствариме стратешките интереси на граѓаните на Република Македонија. Се додека се тие стратешки интереси, ќе правиме се да најдеме решение. Меѓутоа, гледате со што се соочуваме. Ни треба поддршка од граѓаните. Треба граѓаните да го искажат својот став. Ако имаме гласна јавност која јасно ги кажува своите ставови, ќе имаме сила во нашите едра бродот уште повеќе да оди, изјави претседателот Иванов при гостувањето во „Миленко Неделковски шоу“ на Телевизија Канал 5.

– Тој објасни дека во извршувањето на својата функција секогаш се водел од принципот на отвореност кон сите, што резултирало со бројни средби со лидерите на соседните земји, но и дека сеуште нема позитивен одговор на неколкуте негови иницијативи за средба со грчкиот претседател Каролос Папуљас.

– Мала земја мора да е отворена и нашата моќ е во отвореноста. Знаете, во дипломатијата едно старо правило вели: срдечно со секого, искрено со никого. Не, ние се обидовме да бидеме искрени, не само срдечни. Со поранешниот бугарски претседател Прванов имавме извонредна соработка, доаѓаше во Македонија, одев јас кај него. Со претседателот Тадиќ, исто имавме отворена и конструктивна соработка. Со претседателот Николиќ, ја продолжуваме соработката.

Со сите претседатели на Косово имавме извонредна соработка, со поранешниот претседател на Албанија, господинот Топи, имавме извонредна соработка. На лична основа комунициравме, на телефон знаевме да се слушнеме. И со новиот претседател Нишани, првата средба ја имавме во Охрид. Меѓутоа, замислете, две децении нема средба меѓу македонски и грчки претседател, рече Иванов.

Шефот на државата потсети на бројните покани, официјални и неофицијални кои тој ги упати до неговиот грчки колега, на кои нема потврден одговор.

– Колку пати, веќе не ги бројам, моите покани. Само да пиеме кафе, ништо друго. Да им покажеме на луѓето дека сме соседи, дека не мора да се расправаме, туку дека можеме да седнеме, како што седнаа сега Николиќ и Јахјага во Братислава. Секој пат одговорот е не. Е сега, како што се менуваа политичарите, знаете, се менува и односот. Се е до карактерот на човекот, или ние велиме до табиетот. Има некои што се обидуваат да профитираат од нивниот однос на домашен терен, меѓутоа некои и губат избори затоа што кон нас така се однесуваат. Тоа е Балканот, рече претседателот Иванов.

Во контекст на односите со соседите, претседателот Иванов посочи дека Македонија е страната што иницира разни форми на соработка, кои неретко се игнорираат од другата страна.

Во однос на откажаниот Самит на Процесот за соработка во југоисточна Европа, што на почетокот на јуни требаше да се одржи во Охрид, претседателот Иванов објасни дека Македонија настојувала Косово да учествува на него како гостин и на дневен ред да биде поставено прашањето за нејзиното членство во процесот. Но, поради поделбата на земјите учеснички околу учеството на Косово, било решено самитот да се откаже.

– Се си беше по книга до последните два дена, и кога видовме дека откажуваат членки на ЕУ, кога видовме дека целиот тој капитал вложен, дека Европската унија мора да ја оправда доделената Нобелова награда за мир и да покаже дека придонесува за мирот во регионот, видовме кој ни го смести тоа, рече претседателот Иванов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.