Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: така се работи за Македонија

0
By Нова ТВ on April 8, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нивниот кандидатот за Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов денес бил во Неготино. Партијата го испрати текстот од неговиот говор кој го објавуваме:
“Добар ден Неготино!
Добар ден Македонијо!
Добар ден за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“!
Добар ден за премиерот Груевски, министрите и за кандидатите за пратеници.
Добар ден за тимот Македонија,

Неодамна бев во Неготино и ви дадов отчет. Отчет за тоа што сум сработил во мојот мандат, во изминатите пет години.

Ви кажав дека се што било во програмата, со која сум ја добил вашата доверба, се е остварено. Но истовремено, отпочнав и остварив многу проекти, кои досегашните претседатели на Македонија не ги отворале. Покажав дека мора да се води грижа за младите. На младите да им дадеме можност, сето знаење и умеење што го имаат, да го користат во интерес на Македонија. Затоа ја фомиравме и „Школа за млади лидери“. Затоа што на Македонија и требаат водачи, луѓе кои што знаат да создаваат тимови, луѓе кои што знаат да решаваат проблеми. Ние сме сега тука затоа што ја имаме вашата доверба, но треба да обезбедиме и тие што ќе дојдат после нас, да знаат како да се справуваат со сите предизвици што ги имаме како држава.
Воведовме и многу други новини. Признанието „Најдобар млад научник“. Преку овој натпревар видовме колку млади научници имаме во Македонија. Понатаму, воведовме и многу промоции за младите и спортот. Ја воведовме иницијативата, преку спортот младите да учат да се почитуваат меѓусебе, да го почитуваат противникот и да го учат бон-тонот. Во Македонија има различни етнички групи и религиозни групи. Но кога создаваме тим, мора да знаеме како да дојдеме до победа. Истовремено и да го почитуваме противникот. Да ги почитуваме правилата на игра. Кога ќе го научиме тоа во животот, ќе знаеме како да ги почитуваме и другите. Затоа е важно и младите да ги воведеме во тоа.

Многу внимание беше посветено и на студентите. Со сите најдобри студенти, од сите државни универзитети, остварив средба. Со цел да ги пренесат нивните ставови, со што се соочуваат при нивното студирање и како тие ја гледаат својата иднина. Како можат да придонесат за Македонија. И не само студентите. Вратите на мојот Кабинет беа постојано отворени за граѓаните, за нови идеи и нови иницијативи. Во изминативе 5 години во мојот Кабинет сум примил над 5 илјади граѓани од Македонија.

Отворивме и народни канцеларии, да можат граѓаните да се запознаат со институцијата Претседател. Да доставуваат свои мислења, предлози, претставки.
Затоа довербата на граѓаните во институцијата Претседател се зголемува. Затоа што сум бил и сум останал како еден од вас. Човек од народот – за народот.
Бев во многу светски метрополи, посетив многу пријателски земји. Воспоставувавме нови пријателства. Отворавме нови пазари за нашите производи. Оставрувавме и средби со наши луѓе кои се успеале во светот и им кажувавме дека стоиме зад нив. Во секоја моја делегациј, ме придружуваа и претствници од бизнис секторот.

Кога доаѓаа странските државници, организиравме бизнис форуми, за да се запознаат со потенцијалите на македонското стопанство. Да помогнат, да се воспостави поголема трговска размена со нивните земји.

Остваривме многу иницијативи и спроведовме многу конкретни мерки. Така се работи за Македонија. Со љубов и посветеност сме посветени на Македонија. Минатиот пат ви ја претставив мојата програма со која што сакам да го добијам вашиот глас на следните избори. Да ви кажам дека не само тоа што сум го сработел, со ист интензитет, и со многу, многу нови проекти, ќе работам во следните пет години. Да работиме посветено, да работиме сложно.
Во овие изминати години покажавме дека сите институции во државата можат да соработуваат. Можат да соработуваат за доброто на граѓаните. Покажавме дека секој пат сме со граѓаните. И јас, и премиерот, и министрите. Ги знаеме потребите на нашите граѓани, знаеме што ги тишти и ги знаеме проблемите со кои се соочуваат. И затоа на секое ваше барање нудиме решенија.

Работевме сложно и единствено. И затоа ја добиваме довербата. Имаме еден глас кога ја претставувавме државата, а не како порано, секоја институција да има свој став и свое гледање.
Покажавме дека кога се работи тимски се постигнуваат резултати и доаѓаат признанија. Граѓаните за овие изминати години добро можат да направат разлика. Кој ја почитува, кој ја сака државата, а кој мисли само на себе. И затоа мотото на мојата кампања е „дека државата ни е пред се, Македонија ни е пред се“. Затоа кампањата на кандидатите за пратеници е „дека има разлика“. Самите вие ја гледате разликата.

За овие години можевте да видите како се создава новиот лик на Македонија. Нови автопатишта, нови пруги, нови фабрики, нови факултети. Е тоа е новото лице на Македонија. Кога се работи посветено, со љубов, за својата држава. И граѓаните знаат тоа да го почитуваат и на избори да го наградуваат.

Ви благодариме за досегашната доверба. Очекуваме на следните избори истата да ни се повтори, да ја добиеме вашата доверба, за да работиме за интересите на сите граѓани на Република Македонија.
Да живее Неготино!
Да живее Република Македонија!” се вели во говорот на Иванов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.