Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Во Македонија егзистира и сатанистичко новинарство

0
By Zoran Ivanov on April 15, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 15, 2026 19:00

Зоран Иванов: во принцип, но и од личен новинарски принцип, не сакам да ги напаѓаат медиумите, па и новинарите, колку нивните медиумски продукти и да се некоректни, непринципиелни, па и вулгарни, лажни па дури и да се тие видливо нагласени редакциски конструкции и очигледни нарачки од партиски штабови.

Секако, ја разбирам опозицијата од вџашеноста на едно такво, јас го нарекувам „сатанистичко новинарство“. Но и политичките субјекти треба да знаат дека кога им реагираш на таквата некоректност, топката е секогаш кај медиумот. Тие ја имаат можноста и кондицијата катадневно да се занимаваат со тебе, а ти не си во можност постојана да дежураш за да им да возвраќаш, за да ги демаскираш, да ги демантираш нивните пакости и тоа е картата на која играат корумпираните уредници медиумски сатанисти.

Таквите, би рекол, лаборатории на медиумски конструкции, на лажни вести и на клеветнички наративи во служба на политиката, се анти новинарство и за таквите професионални автори на лаги и клевети, местото не им е во новинарството. Но лекот е кај сопствениците, а тие пак, си имаат свои лукративни политички или некакви други, веројатно бизнис интереси, да го масакрираат политичкиот противник на нивниот партиски налогодавец.

Тоа што треба да го загрижува професионалното, етичкото новинарство е фактот што во македонскиот медиумски и новинарски простор има една друга „не појава“ која треба повеќе да загрижува. Тоа е инертноста на новинарските здруженија, молкот на Советот за етика во медиумите, глумењето на ЗНМ и ССНМ „дека не се од овде“, дека не ги гледаат и не ги слушаат катадневните анти новинарски наративи, дека се слепи за медиумскиот линч, за очигледно нарачаните редакциски конструкции за оцрнување на партиските противници на своите штапски налогодавци.

За овие појави македонските медиумски асоцијации молчат. Молчат за флагрантните појави на анти новинарство во дел од македонските медиуми, посебно во една, две национални телевизии чии информативни програми не произведуваат новинарски продукти туку нивните информативни програми се изродија во инкубатори на конструирани лаги и клевети.

Извор: Локално.мк

Зоран Иванов став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.