Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов во Струга побара да излезат гласачите, за да има двојна победа на 27. ми

0
By Нова ТВ on April 14, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Победивме во Струга! Победивме со поголема разлика од онаа во 2009 година, изјави претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов во Струга.

-На ниво на држава, добивме преку 449.000 гласови во првиот круг. Во многу општини, разликата е 2:1 или дури и 3:1.

Тоа е она што ме прави сигурен дека водам правилна политика.

Сигурен сум дека во вториот круг разликата ќе биде уште поголема. Имавме успешни, фер и демократски избори, какви што и доликуваат на Македонија. Тоа е успех за Македонија, за сите македонски граѓани.

Избравте континуитет, избравте проекти и резултати. Избравте посветеност и работа. Избирате чесни, одговорни и вредни луѓе во политиката.
Првиот круг го започнав во Охрид. Денес, вториот, одлучувачки круг го започнувам во Струга.

Пред 20 дена, тука, на ова исто место ви реков: Струга е вградена во темелите на македонската слобода и државност. Струга е во темелот на Македонија.

Ве повикувам, во вториот круг на изборите, да покажете дека Македонија има цврсти темели.

Врз тие темели се потпира домот изграден од законите и реформите што ги спроведуваме. Инвестициите што ги носиме.

Тоа се патиштата што ги градиме и фабриките што ги отвораме. Болниците, училиштата и спортските терени што ги градиме, за да може секој граѓанин да ја чувствува Македонија како свој дом.

Негативната кампања што се водеше против нас се покажа како неуспешна. Ме напаѓаа без аргументи, со етикети, непристојно. Како и до сега, така и отсега нема да одговараме на такви коментари.

Ме знаете веќе 5 години. Секогаш бев меѓу народот. Еден претседател за сите, независно од етничката, верската или која било друга припадност. Затоа за мене гласаа и Македонци и Албанци, и Турци и Власи, и Роми, Срби и Бошњаци. За таква Македонија се залагам. Знаете дека како претседател го бранев и ќе го бранам државното единство на Република Македонија.

Ви поднесов отчет за сработеното. Неодамна ви дадов и програма на континуитет во која јасно кажувам каква Македонија ќе градиме доколку повторно ја добиеме вашата доверба.

Македонија економски силна и развиена, членка на Европската унија и НАТО.
Македонија која гради добри односи со соседите и е отворена кон светот.
Држава во која младите ќе можат да добијат квалитетно образование, работа и услови да формираат семејства и да имаат потомство.
Македонија како држава во која никој не е над законот, и во која законот никого не обесправува. Сите сме еднакви пред законите.

Држава во која се негува вековната традиција на соживот, на прифаќање и на почитување на различноста.
Македонија земја на солидарноста и дом на благосостојба за сите.

Одговорноста се биде претседател се добива со вашиот глас. Секоја одлука што ја носам е затоа што вие сте ми го дале вашиот глас.

Струга секогаш најтешко поминувала кога имало мала излезност на изборите.
Вчера во општина Струга излегле да гласаат само 26% од избирачите. Тоа значи дека 74% од избирачите не гласале.

Важно е масовно да се излезе и да се гласа.

Вие, што излеговте да гласате можете да ги охрабрите и оние кои не излегле. Можете да ги охрабрите вашите соседи, вашите роднини и пријатели, затоа што се работи и за нив, се работи за нивното право да одлучуваат за иднината на Македонија, право да го трасираат патот по кој ќе чекориме и ние, и нашите деца.

Сега е поважно од кога било порано да се гласа. Вие одлучувате за Македонија. Дајте го вашиот глас за Македонија.

Ова се едни од најважните избори за Македонија. На 27 април ќе гласате каква Македонија сакате. Во каква Македонија сакате да живеат вашите деца. На 27 април вие одлучувате. Ве повикувам да гласате.

Направете ја вистинската одлука. Затоа излезете и гласајте.

Да го задржиме и засилиме темпото на развојот, на перманентни реформите, на работата за доброто на сите граѓани. Повеќе пати нагласив: денес, успешноста на политиката се мери со отворање нови работни места. Вчера го дадовте гласот за таква политика. Политика на илјадници проекти и десетици илјади нови работни места. Со таква политика продолжуваме.

Излезете и покажете дека Струга е цврст темел на Македонија. Дека Македонија е цврсто втемелена во Струга. Државата ни е пред се. Македонија ни е пред се.
Извојувавме голема победа во првиот круг. Покажавме дека има разлика.

Вчера сите се радувавме. Но, денес продолжуваме. Продолжуваме за парламентарните и за вториот круг на претседателските избори за две недели.

На еден чекор сме од двојна победа. Но, мора да продолжиме. Мора да го завршиме започнатото. Немојте да мислите дека Македонија може и без вашиот глас. Дека ќе има доволно избирачи.

Немојте да се залажувате дека еден глас повеќе или помалку не прави разлика. Секој глас прави разлика.

Две недели бргу ќе дојдат. Продолжуваме со уште позабрзано темпо. Секој глас е важен, секој глас се брои.

Ве повикувам да гласате, за да направиме разлика. Ве повикувам да гласате, за да ја зголемиме разликата, да славиме заедно двојна победа за Македонија, изјави Иванов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.