Тарчуловски со своето семејтво денеска беше на средба кај претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во вилата „Водно“ на која присуствуваа и сопругата на претседателот Маја Иванова.
На средбата, претседателот Иванов посака никогаш повеќе никому да не му се случи она што го помина Јохан во изминатите осум години.
– Никогаш да не се повторат случувањата во нашата татковина од 2001 година. Треба да се фокусираме на иднината, порача Иванов, оценувајќи дека враќањето на Јохан Тарчуловски во Македонија треба да претставува чекор напред кон натамошното помирување и градење на соживотот во Македонија, онака како што отсекогаш се практикувало на овие простори во минатото.
Јохан Тарчуловски беше член на обезбедувањето на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.