„Ако важеа спортски правила во ЕУ, до сега ќе бевме таму. Така што она што го прават спортистите, се надевам ќе го прават и политичарите, ќе ги обединуваат луѓето, ќе им носат многу радости и убави моменти“, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов на средбата со неговиот словенечки колега Борут Пахор.
Двајцата лидери го промовираа Евробаскет 2013 година како спортски настан кој во септември ќе се случува во Словенија.
„Овде сум со претседателот Иванов во поопушена атмосфера да ве поканам во сепетември во Словенија да дојдете на прекрасниот и волшебен баскет спектакл. Треба да ви кажам дека како домаќин на настанот, му забранив на македонскиот колега да фрла кош, бидејќи колку што слушнав цела ноќ тренирал и не промашувал и затоа не можев да си дозволам, тука пред сите вас да погодува туку го замолив да ми подава и му се заблагодарувам на пријателскиот гест,“ изјави денеска словенечкиот претседател Пахор.
Двајцата претседатели си разменија дресови.