Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановска до Лекарската комора: Побарајте одговорност од директорот на струшката болница

0
By Нова ТВ on March 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска ја повика Лекарската комора да реагира и да побара одговорност од директорот на струшката болница Мухамед Асани.

Таа потенцира дека во ДКСК не се расправало за предметот околу постапувањето на докторот во струшката болница, заради тоа што ЈО отворило предмет за постапувањето докторот. Лекарската комора, вели Ивановска, е таа што треба да утврди дали има или нема одговорност кај докторот бидејќи, посочува, таа е телото што ги издава лиценците.

-Јас изреагирав со мој личен став, иако од вчерашниот разговор со моите голеги гледам дека се на исто мислење дека треба да се утврди одговорност за целиот процес. Мене навистина не ми е јасно како може некој да влезе во болница, да биде се во ред и да излезе без три органи. Ова како граѓанин си го поставувам како прашање. Кога ја добива лиценцата еден доктор, значи дека тој е одговорен, образован, професионалец и професионално ќе си ја заврши својата работа и дека на некој начин треба да ја гарантира безбедноста на пациентите на овој начин се губи довербата и во белите мантили. Она што можеби ние ќе го детектираме како случај во ДКСК е позицијата на господинот Асани како директор на клиниката, бидејќи за него се утврдило дека има ординација која работи на диво. Кој може да гарантира дека тој не ги пренасочува пациентите од својата дива ординација, рече Ивановска во Утрински брифинг додавајќи дека од тој аспект ДКСК треба да ја доведе во прашање неговата одговорност и оти само тој дел е во нивна надлежност.

Таа потсети дека за претседателката на Лекарската комора веќе имало Одлука на ДКСК дека има конфликт на интереси, бидејќи истовремено е и директор, но оти никој не презема ништо по таа одлука.

-Кога се подготвувал законот за сспречување на корупција и судир на интереси се раководело од европските стандарди, кои, меѓу другото претпоставуваат и почитување на законските одредби. Јас не знам што треба ние да направиме и како да и објасниме на претседателката на Лекарската комора таа е во судир на интереси кога таа истовремено е и директорка. Тоа и го објаснивме и во разговор, и беше испратена и одлука. Нашите алатки се дотука. Ние немаме повеќе што да кажеме, вели Ивановска.

Претседателката на ДКСК говореше и за случајот со набавката на вакцини од кинескиот производител Синофарм, и притоа повтори дека Комисијата одлучила да пристапи кон собирање доволно информации.

– Потоа во зависност од прибраните податоци ќе одлучи дали постојат доволно елементи за отворање предмет во надлежност на ДКСК, рече Билјана Ивановска.

Прашана за случајот за набавката на софтверот за изрекување казни за сообраќајни прекршоци преку видеонадзор, што лани го купил Генералниот секретаријат на Владата, таа истакна дека ДКСК ќе отвори постапка за да се истражи процес.

-Сериозни наводи излегоа во медиумите за овој случај и е отворен конкретен предмет да се утврди дали станува збор за патентирање на истиот софтвер, како била спроведена јавната набавка, како биле утврдени потребите, дотолку повеќе што софтверот е набавен, а не се користи, потоа да се види каква била соработката меѓу органите, помеѓу Генералниот секретаријат и МВР, ако се има предвид дека МВР вели дека не им треба таков софтвер. Со оглед на тоа што станува збор за пари на граѓаните, односно од државниот Буџет мислам дека ова е многу сериозно прашање. Од тие причини ние му дадовме приоритет и отворивме предмет за истражување, рече претседателката на ДКСК.

Таа додаде дека Рашковски се уште не бил повикан на разговор оти се уште не е предметот во таа фаза.

Во врска со претходните постапки за Рашковски, Ивановска најави дека наскоро Комисијата ќе излезе со одлука.
-Рашковски беше поврзан со набавка во М-НАВ, но, тој не бил директно вклучен во набавката, туку наводно подоцна бил назначен од страна на Владата да го забрза процесот. Голем дел од работата, да не речам целата е завршена но остануваат некои детали за на крај што треба да се довршат и ќе биде објавена одлука и за тој случај, рече Ивановска.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.