Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановски глув за барањата на ЗНМ, ССНМ, МИМ и СРД

0
By Нова ТВ on July 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во однос на барањето на ЗНМ да се повлече Законот за медиуми, а да се подобри Законот за аудиовизуелни медиумски услуги, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски рече дека токму ЗНМ побарале првичната верзија на Законот за медиуми да се подели во два посебни закона.

Инаку, вели ова решение е поздравено од ОБСЕ, а го поддржало Здружението на новинари МАН и воедно добиле поддршка и од меѓународните тела.

Генерално позитивно мислење со минимални забелешки достави ОБСЕ во врска со последните измени на предлог-законот за медиуми и предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изјави Ивановски на денешната прес-конференција во Владата .

„За нас ова е поттик да продолжиме со истото темпо кое го правевме во изминатите 18 месеци на овие два закона со цел да се постигне подобар медиумски сектор во РМ, да се зголеми слободата на медиумите и да се подобри нивната работа. Тоа се мал број на забелешки, но без разлика на квантитетот ќе се посветиме да се подобри квалитетот на решенијата, рече Ивановски претставувајќи го Извештајот на ОБСЕ.

Појаснувајќи го документот од претставникот на Канцеларијата за слобода на медиуми при ОБСЕ Дуња Мијатовиќ, тој посочи дека голем дел од забелешките кои биле испратени во претходните два дописа се усогласени и се подобрени.

Во однос на Законот за медиуми, според Ивановски позитивно е оценета одлуката за бришење на членот за саморегулација, а прифатлива е и дефиницијата за новинар.

За членот 4, кој се однесува за посебните забрани, oд ОБСЕ велат дека тој е по теркот на меѓународните стандарди и сугерира подобро да се објасни потребата за овие посебни забрани во Законот за медиуми.

>> Нема потреба од предлог-законот за медиуми

Членот 13, кој што се однесува на заштита на изворот на информации и да се остави на професионалните стандарди и релации помеѓу уредниците и новинарите во медиумите, ОБСЕ препорачува да се отстрани.

Ивановски пак потенцираше дека овој предлог доаѓаше токму од новинарите во РМ и беше доставен до МИОА и најави продолжение на дискусијата за негово допрецизирање.

Што се однесува за надлежноста на Агенцијата за медиуми, предложеното решение е прифатливо за ОБСЕ во однос на слободата на медиумите, иако, вели, препорачува да се допрецизира текстот за да биде јасно дека оваа Агенција нема да има ингеренции врз следење на содржината и програмите на електронските портали и печатените медиуми.

Во однос на казните во Законот за медиуми, ОБСЕ препорачува да се има градација во казнената политика на Агенцијата.

За Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ОБСЕ оценува дека законот ја следи директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на ЕУ. Позитивно е оценета и одлуката да има дополнителни членови во Советот на Агенцијата од граѓанското општество.

Министерот Ивановски појасни дека согласно последниот предлог, по два членови во Советот предлагаат Собранието на РМ и ЗЕЛС, а по еден Адвокатската комора, мнозинското здружение на новинари и Интеруниверзитетската конференција.

Работењето на Агенцијата, според ОБСЕ е подобрено и е според најдобрите меѓународни практики, со тоа што се бара да се допрецизира административниот надзор.

Во делот на измените кои се однесуваат на МРТВ, Ивановски вели се оценети како генерално добри и на линија со меѓународните стандарди.

Пред само еден ден ЗНМ, ССНМ, МИМ и СРМ побараа предлог-законот за медиуми да се отстрани бидејќи не гледаат никаква потреба од него.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.