Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иво Вајгл од ЕП потврдува олеснувачка улога во нашата криза

0
By Светлана Јовановска on March 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот пратеник од редовите на либералите Иво Вајгл потврди дека тој и неговите колеги, Ричард Ховит од групата на социјалистите и Едвард Кукан од демохристијанската политичка група, ќе се ангажираат да им помогнат на македонските најголеми партии да седнат на маса и да почнат да разговараат.

Сепак, тој вели дека нивната улога би била таа на олеснувачи а не на медијатори: “Медијатор значи дека ние би дале предлог а тоа не е нашата улога. Ние можеме да бидеме олеснувачи за да се разговара, затоа што решението треба да го најдат самите политички партии”, вели тој.

Ова го потврди и Европската комисија. Нејзин портпарол изјави денес денес дека «политичката обврска останува на партиите во Македонија да покажат одговорност и да се вклучат во конструктивен дијалог за надминување на сегашниот ќорсокак и да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и сите нејзини граѓани».

Вајгл вели дека постојат два дела во македонската криза. Од една страна е политичкиот дијалог каде што ЕП би можел и спремен е да помогне. Од друга страна тука е и истрагата за случаите со кои се соочува Македонија и која во која треба да се добие помош на експерти за правни прашања.

«Политичката криза треба да се решава одвоено од проблемите кои се однесуваат на правната разврска», вели тој.

Инаку, Вајгл денес се сретна со Фатмир Бесими, задолжен за европски прашања во македонската влада, кој смета дека европската интеграција на Македонија е најважното прашање за иднината на земјата и сака национален план за решавање на сегашната политичка криза.

“Бесими е политичар кој смета дека ЕУ е позначајна за Македонија од било кое прашање.Тој искрено сака да се реши оваа политичка криза и да се направи национален план во кој се ќе обединат интересите на сите политички партии”, вели за НОВА Вајгл кој е известувач за Македонија во ЕП.

Извор на НОВА денес изјави дека двете најголеми политички партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ добиле покана да почнат политички дијалог во седиштето на ЕП во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.