Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изабел Ипер на црвениот тепих во Битола

0
By Нова ТВ on September 12, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Видео: Култниот филм Пијанистка, каде главната улога ја игра Изабел Ипер

ИФФК „Браќа Манаки“ и Вип оператор со огромно задоволство истакнуваат дека годинава, покрај многуте најавени гости од сите програмски целини, во Битола доаѓа омилената актерка на режисерите и на публиката, високоценетата, уникатна, автентична, неверојатна Изабел Ипер. Француската актерка е постојано актуелно и добива најголем број понуди за учества на фестивали, што ја прават најголемото име кое досега го обележало Фестивалот „Браќа Манаки“ – Битола.

Со над сто филмски ролји и уште многу други на театарските сцени, претставува една од најбараните актерки на стариот континет, за која се смета дека „може да одигра секаква улога“. Иако е меѓу најангажираните и најталентирани актерки, Изабел Ипер е мошне затворена личност, како и повеќето хероини што ги толкува во филмовите. Не милува да биде интервјуирана и тешко се открива за личните прашања во јавност. Ретко прифаќа да гостува на Фестивали. Нејзиниот дводневен престој на „Браќа Манаки“ ѝ е прво доаѓање на филмски фестивал во регионот.

Поседува импресивна филмографија, играјќи за режисери од врвен ранг и со актерска поддршка на големи брендови на француското и на европското кино. Во нејзиното портфолио се наоѓаат огромен број фасцинантни постигнувања. Таа е единствената која била дури 14 пати номинирана за наградата Сезар и е една од четирите актерки кои двапати ја освоила соодветната награда на Канскиот филмски фестивал. Останатите три се Ванеса Редгрејв, Хелен Мирен, Барбара Херши. Снимала со буквално сите најважни француски режисери од последниве 40 години како Бертран Таверние, Жан-Лук Годар, Патрис Шеро, Клод Шаброл, Франсоа Озон, но и со режисери како Мајкл Чимино (режисерот на Ловец на елени), Џозеф Лоуси (режисерот на Посредникот), Михаел Ханеке (режисерот на Белата панделка).

Изабел Ипер е родена во 1953 година во Париз, како ќерка на индустријалец и учителка по англиски. Кон актерството ја насочила мајка ѝ, така што многу рано станала тинејџерска ѕвезда во родниот град. Го посетувала Версајскиот актерски конзерваториум. Почнала со театар но продолжила со филм, каде има барем 20 антологиски улоги. Како што велат и критичарите, неверојатно е како Изабел Ипер минува од еден лик во друг, со фасцинантна моќ за трансформација. Од филм во филм се чини секогаш е повпечатлива. Улогите ѝ се толку различни меѓусебе, а сепак во нив влегува со таква леснотија. Ипер, која се чини не старее, понекогаш наликува на платно на кое можете да насликате сѐ што ќе замислите.

Веројатно најпрепознатлива улога ѝ е во Пијанистка (Учителка по пијано) од 2001 година на Ханеке во кој ја толкува Ерика Кохут од Виенскиот конзерваториум. Во моментот кога го среќава Валтер Клемер (игран од 21 година помладиот од Ипер актер, Беноа Мажимел), нејзиното однесување станува и повеќе од ексцентрично. Филмот освои бројни награди, но веројатна најголемата беше тоа што многу критичари ја прогласија ролјата на Ипер за најголемата во нејзината кариера.

Гледачите в четврток на 19.09 од 10.30 часот во Големата сала на Центарот за култура, ќе може да го погледнат филмот Дом на Урсула Мајер, во кој главната улога ја толкува Ипер.

Добитничка е на 57 филмски но и друг вид награди, меѓу кои:

Награда Сезар, филм Церемонија (1996).

Два пати наградата за најдобра актерка на Канскиот филмски фестивал за филмот Виолета Нозер (1978) и за филмот Пијанистка (2001)

Два пати највисоката актерска награда на Венецискиот фестивал „Волпи куп“ за Женска работа (1988) и Церемонија (1995)

Наградата Специјален лав во Венеција за Габриела во 2005.

Наградата Сребрена мечка на Берлинскиот фестивал за колективна игра во филмот 8 жени од 2002 година.

Два пати и Европската филмска награда за филмовите 8 жени и Пијанистка.

Станиславски за исклучителен актерски придонес и практикување на методот Станиславски во 2008 година.

Високиот француски орден „Легија на честа“ (1999).

Тривија

Изабел Ипер е мајка на
     Лолита (родена 10/1983)
     Лоренцо (роден 1/1988)
     Анжело (роден 9/1997)

Свири пијано.

Во 2001 година сними албум со француската рок-ѕвезда Жан Луј Мурат .

Се занимава и со фотографирање.

Висока е точно 160 см.

Била член на жирито на Канскиот филмски фестивал во 1984 година и претседател на истото во 2009 година, кога наградата ја доби Белата панделка на Михаел Ханеке.

Има глумено и во југословенско-француска копродукција на познатиот режисер Александар Петровиќ, односно екранизација на романот Селидби на Милош Црњански.

Се гледаме на црвениот тепих, каде актерката ќе се појави на официјалното затворање.

34. издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 20 септември 2013 година во Битола и ќе биде отворено со премиера на македонскиот филм Соба со пијано на режисерот Игор Иванов. Шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин е добитник на „Златната камера 300“ за животно дело во 2013, а француската снимателка Ањес Годар на специјалната награда „Златна камера“ за особен придонес во светската филмска уметност. Жири-комисиите што ќе ги одредат наградите се во состав од реномирани интернационални личности од светот на културата и уметноста. Покрај сценариото на гламурозната српска актерка Мирјана Карановиќ, на Сценариското катче „Браќа Манаки“ се одбрани уште пет проекти. Со мотото „Пушти ја светлината“ во 10 програмски целини Фестивалот донесува врвни 74 наслови од светската и од македонската кинематографија, меѓу кои четири премиери и два кандидати за Оскар. Друштвото на филмските професионалци на Македонија одлучи да воведе и посебна награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која првиот пат ќе ја добие режисерот Кирил Ценевски. Во Битола ќе дојдат претставници од 10 од 12-те филма во главната конкуренција како и големи филмаџии од другите програмски селекции.

Со ИФФК Браќа Манаки и Вип оператор, многу повеќе светлина во Битола и во Македонија.

Платен маркетинг

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.