Во шведскиот град Визби, на островот Готланд, со нож е убиена жена за време на традиционалниот политички настан „Недела на Алмедален“.
Полицијата уапсила 33-годишен маж, додека жртвата била префрлана во болница каде им подлегнала на повредите.
Полицијата ги утврдува мотивите за инцидентот. Според првичните информации, лицето што го извршило нападот нема полициско досие. Во тек е прелиминарна истрага по убиството. Весникот „Афтонбладет“ го поврзува напаѓачот со неонацистички активности.