Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУЛЕКС посредуваше помеѓу Косово и Србија за отпечатоците на убиецот на српскиот полицаец; Не е исклучена вмешаноста на Радоичиќ во Ујман; ; Курти повика да не се „хероизира“ Фатон Хајризи

0
By Marija Todorovska on July 24, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Д. Тахири

Мисијата ЕУЛЕКС во одговор до медиумите потврдија дека биле посредници меѓу Министерството за внатрешни работи на Србија и косовската полиција во случајот со земање отпечатоци на косовскиот државјанин Фатон Хајризи, кој беше убиен во Србија по бегството, од затворот Смреконица на Косово, пренесоа косовските медиуми.

Радомир Димиќ, претседател на Европската мултиетничка перспектива на Косово, го осуди бомбашкиот напад што се случи викендов, во близина на тунелот 5, на главниот пат кон Ујман, во кој беа оштетени два автомобили, едниот со локален сообраќај, и посочи декане е исклучена можноста Милан Радоиќиќ  да бил вмешан во овој терористички чин.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Бота Сот: ЕУЛЕКС и помогнаа на косовската полиција да ги добие од Србија отпечатоците на Фатон Хајризи

Мисијата ЕУЛЕКС во одговор до медиумите потврдија дека биле посредници меѓу Министерството за внатрешни работи на Србија и косовската полиција во случајот со земање отпечатоци на косовскиот државјанин Фатон Хајризи, кој беше убиен во Србија по бегството, од затворот Смреконица на Косово.

Од ЕУЛЕКС за Експрес потврдија дека за предметниот случај добиле барање кое го обработиле согласно мандатот.

„Во согласност со актуелниот мандат на ЕУЛЕКС, мисијата ја поддржува косовската полиција во областа на меѓународната полициска соработка преку олеснување на размената на информации помеѓу косовската полиција и ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ или Министерството за внатрешни работи на Србија. Во овој случај, ЕУЛЕКС прифати барање кое е обработено во согласност со нашиот мандат“, се вели во одговорот од Канцеларијата за медиуми на ЕУЛЕКС.

На крајот од одговорот ЕУЛЕКС вели дека „Секоја можна размена на полициски информации олеснета преку ЕУЛЕКС е покриена со принципот на доверливост“, пренесе Бота Сот.

Газета Експрес – Димиќ: Не е исклучена вмешаноста на Милан Радоичиќ во терористичкиот акт во Ујман

Радомир Димиќ, претседател на Европската мултиетничка перспектива на Косово, го осуди бомбашкиот напад што се случи викендов, во близина на тунелот 5, на главниот пат кон Ујман, во кој беа оштетени два автомобили, едниот со локален сообраќај, а другиот со Американски регистарски таблички.

Димиќ рече дека не е исклучена можноста Милан Радоиќиќи да бил вмешан во овој терористички чин.

„Се знае кому не му се допаѓа нормализацијата на ситуацијата и кој сака да ја поткопа успешната работа на Владата на Косово и институциите на Република Косово. Оставајќи впечаток дека тоа е Србија, тоа се должи на губењето на контролата и влијанието на северот на Косово, додека Албин Курти не стана премиер.

Можно е и Милан Радоичиќ  да бил вмешан во овој терористички чин, како и многу други криминални групи кои правеле што сакале, збогатувајќи се нелегално. Оттука и овој криминален чин, бидејќи не им е лесно да се помират со политичките загуби и со која било друга моќ што несомнено ја имале. Повеќе од две децении се „држава во држава“ и секако на ова му дојде крајот, благодарение на владата на Албин Курти, кој успеа да ги протера овие лажни криминалци, да воспостави право, јавна безбедност и мир“, се наведува во соопштението за печатот на Европската мултиетничка перспектива на Косово, пренесе Газета Експрес.

РТВ 21 – Курти: Граѓаните да не станат плен на еуфоријата на херојството и романтизмот на Фатон Хајризи, Африм Буњаку  е патриот!

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е потребна локална и меѓународна истрага за случајот на Фатон Хајризи.

Курти на владината седница во средата порача дека граѓаните не треба да станат плен на еуфоријата на хероизирање и романтизирање на Фатон Хајризи.

Според него, херој и патриот е наредникот Африм Буњаку, кој беше убиен за време на српскиот терористички напад во Бањска и Звечан, како и полицаецот Енвер Зимбери, кој беше убиен во 2011 година, пренесува РТВ 21.

АЛБАНИЈА

Газета Шќип: Во Британија со гумени чамци! „Војната“ меѓу албанските трговци со луѓе и англиските власти се пресели на социјалните мрежи

По последователните ветувања на британските премиери за ставање крај на илегалната имиграција, се чини дека албанските трговци со луѓе почнаа повторно да го оспоруваат нивниот авторитет.

Сега овие групи кои превезуваат Албанци во Велика Британија преку илегални патишта се вратија на социјалните мрежи за да ја рекламираат својата активност. Странските медиуми јавуваат дека околу 12.000 објави кои рекламирале патувања со брод до Обединетото Кралство од страна на криминални групи се отстранети од социјалните платформи, пренесе Газета Шќип.

КОЛУМНА

Коха: „Ковидски“ размислувања за американската демократија

„Верувањето на претседателот Бајден дека ако еднаш го победи г-дин Трамп, ќе му се гарантира дека ќе го победи повторно, што е исто како и верувањето дека ако еднаш го прележите КОВИД, организмот нема да дозволи повторно да се појави.

Впрочем, сите показатели покажаа дека Трамп, поразениот на последните избори – да ја искористам аналогијата до крај – создаде мутација на самиот себе, која може успешно да навлезе во телото со низок имунитет на американската демократија.

И, повторно, по аналогија, претседателот Бајден сфати дека имунитетот на американската демократија повеќе не може да се брани со неговото уморно тело – уморен од примерната служба на американската демократија и онаа на светот, повеќе од половина век, но уште уморен.“, пишува Авторот Ветон Сурои во колумната „Ковидски“ размислувања за американската демократија“, објавена во Коха.

Извор: Цивил Медиа 

Албански медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.