Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово поблиску до отворен конфликт отколку Босна; за избори на северот потребно е да се отстранат луѓето од улиците; загриженост за темпото на рочиштата против Тачи и другите

0
By Ана Василевска on July 10, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Експертот за проширување на западен Балкан, Милан Нич, во интервју вели дека Косово е поблиску до отворен конфликт отколку Босна, заради паралелните структури, експлозиите и физичките напади, пренесуваат косовските медиуми. Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, соопшти дека бродот „Бутринти“ на Албанија, заедно со грчки и турски брод, спасиле 55 мигранти од гумен чамец  во водите на Егејското Море, пренесуваат албанските медиуми.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО 

Инсајдери – Висок германски функционер: Косово е поблиску до отворен конфликт отколку Босна

Се очекува лидерите на НАТО на самитот во Вилнус да потврдат дека ситуацијата на Косово е сериозна и дека мисијата на НАТО, КФОР, е таму за да ја гарантира безбедноста на сите граѓани, вклучително и српското малцинство на северот, вели Милан Нич, од Германски совет за надворешни односи.

Нич во интервју за Радио Слободна Европа вели дека неволјите би биле многу поголеми доколку НАТО не беше на Косово.

„Мислам дека [Косово] е поблиску до отворен конфликт отколку Босна. И тоа е различно ниво на конфликт, бидејќи имате физички напади или конфронтации на север, имате паралелни структури, имате експлозии, каде што мал инцидент може да доведе до нешто поголемо“, вели Нич, експерт за Западен Балкан и НАТО, пренесе Инсајдери.

Факти дитор – Ескобар: Првиот чекор за изборите на север е да се отстранат луѓето од улиците

„Емисарот на САД во косовско-српските преговори Габриел Ескобар во интервју за Хрватската телевизија (ХРТ) изјави дека Жозеп Борел и Мирослав Лајчак презентирале три едноставни чекори за деескалација на северот.

Првиот чекор е да се тргнат луѓето од улица. Градоначалниците не треба да се избираат за да привлечат внимание. Ни требаат нови избори со безусловно учество на Србите. Потребен ни е и рок за спроведување на својот дел од српската страна и нацрт-статут за Заедницата на општините со мнозинско српско население на Косово. Станува збор за еднаквост, правичност и придобивки за двете страни“, нагласи тој.“, пренесе Факти дитор.

РТВ 21: Продолжува судскиот процес против Тачи и другите

Во Специјализираните совети на Косово во Хаг продолжува судскиот процес против Тачи и другите.

На последните седници, десеттиот и единаесетиот сведок, повикани од Специјализираниот обвинител, дадоа исказ и одговараа на прашањата на Обвинителството, на одбраната, на бранителот на жртвите и на судиите.

Судечкиот совет изрази загриженост за темпото на рочиштата за овој судски предмет и ги потсети странките дека е непотребно детално да се испрашуваат сведоците за неспорни аспекти, пренесува РТВ 21.

Газета Експрес: Над 1,5 милиони емигранти дошле на Косово во првите шест месеци од годинава

Во првите шест месеци од 2023 година, со користење на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ пристигнале над 1,5 милиони емигранти.

Според податоците на АНП „Адем Јашари“, најголем број иселеници имало од Швајцарија со 583.206 патници или 38,24 отсто од вкупниот број на патници. Исто така, голем број емигранти пристигнале од Германија со 517.863 патници, Турција со 165.727 патници и Австрија со 6,1 отсто од учеството на патувањата, пренесува Газета Експрес.

АЛБАНИЈА 

ЕО: Албански брод спаси 55 мигранти во водите на Егејското Море

„Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, соопшти дека бродот „Бутринти“ на Албанија, заедно со грчки и турски брод, спасиле 55 мигранти од гумен чамец во тешкотија, во водите на Егејското Море. Пелеши се заблагодари за ова успех ефективните вооружени сили.“, пренесе Економиа Онлајн.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Суверенитетот, Северно Косово и Рахја версус  ПД

„Но, зошто се полесни можностите за одредени кланови во нашиот политички систем и зошто регионалните лидери, кои реагираат на политиката во одредени периоди, добиваат толку голема сила дури и во 21 век? Дали случајот со Рахје е доволен за да се стави крај на хаосот што го создадоа клановите во Елбасан и Скадар? Што е со Валона со бескрајните убиства и имотен хаос? Зошто толку многу зло се генерира во нашата демократија? Веднаш доаѓа одговор од шефот на владата, човекот со најмногу моќ во државата: Одговорните пред правдата! И, како и обично, Рама си ги мие рацете. Дали е ова доволно и зошто преседанот кај нас не завршува веднаш, туку тие што доаѓаат на власт го туркаа понатаму? Следеше фамозниот Лазарат на ДП со канабисот на земјава…од север кон југ. Дали сме посуверени во нашата земја? Дали имаме правосуден систем кој ги носи лошите момци пред лицето на правдата? Зошто се плаши полицијата? Враницки во 1997 година ни покажа на кое ниво сме.“, пишува авторот Бен Андони, во колумната Суверенитетот, Северно Косово и Рахја версус  ПД, објавена во Јава Њуз.

Д. Тахири

Извор Цивил Медиа

Избор од албански медиуми Србија. Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.