Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Србија кај Лајчак инсистира на формирање на Заедницата; Отворањето на мостот на Ибар поддржано и од Албанците и од Србите; Мнозинството го смени деловникот на албанското Собрание за да ја казни опозицијата

0
By Marija Todorovska on June 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставникот на Европската унија за преговорите Косово-Србија, Мирослав Лајчак, во средата во Белград се сретна со српските лидери, на која Србија инсистира на формирање на Заедницата во Косово, јавуваат косовските медиуми.

Одлуката отворањето на мостот над Ибар во април 2023 година,  сè уште не е спроведена, а  граѓаните Албанци  и мнозинството српски граѓани го поддржуваат отворањето, пишуваат медиумите во Косово.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТК- Состаноци на Лајчак, Србија инсистира на формирање на Заедницата

Претставникот на Европската унија за преговорите Косово-Србија, Мирослав Лајчак, во средата во Белград се сретна со српските лидери.

По средбата со српскиот претседател, емисарот Лајчак на социјалните мрежи напиша дека имал отворена дискусија со Александар Вучиќ за актуелната ситуација во дијалогот.

„Се договоривме за следните чекори за наредниот период“, напиша тој, пренесе РТК.

РТВ 21: Албанските граѓани и мнозинството српски граѓани го поддржуваат отворањето на мостот на Ибар

Отворањето на мостот на Ибар со денови стана централна тема на Косово, иако европските претставници велат дека тоа треба да се врати како прашање во дијалогот меѓу Косово и Србија. Граѓаните Албанци од Јужна и Северна Митровица, отворањето на мостот го сметаат за неопходно. И српските граѓани го поддржуваат отворањето на мостот, иако мал дел од нив продолжуваат да се противат.

Познавачите на политичките и безбедносните прашања во Митровица оценуваат дека отворањето на мостот треба да се направи во координација со меѓународниот фактор.

Прашањето за мостот над Ибар доби зголемено внимание по одлуката на Собранието на општина Северна Митровица да го отвори во април 2023 година, одлука која сè уште не е спроведена. Меѓународниот фактор бара секоја одлука за мостот да биде донесена во рамките на дијалогот Косово-Србија.

Главниот мост на реката Ибар од 1999 година ја дели Митровица на јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел, населен со српско мнозинство, пренесува РТВ 21.

Косоварја: Каталонската партија во Шпанија во вторник ќе го  испрати  до парламентот барањето за признавање на Косово

Пратеничката група на каталонската партија „Јунтс“ планира следната недела на пленарната седница на шпанскиот Конгрес да гласа за незаконски предлог со кој бара од шпанската влада да се побара да го признае Косово како суверена држава.

Иницијативата, за која ќе се расправа следниот вторник, тврди дека Косово е „правна и демократска држава со околу 1,7 милиони жители“, која е призната како независна држава од над 100 земји, вклучително и 22 членки на ЕУ, пренесува Косоварја.

АЛБАНИЈА

Албеу: Мнозинството го смени деловникот на Собранието за да ја казни опозицијата, Уставниот суд  укинува дел од важните членови

Уставниот суд денеска делумно го прифати барањето за новиот пропис на Собранието што го изгласа мнозинството.

Уставниот суд го разгледа предметот со цел укинување на одредбите од Правилникот на Собранието на Албанија, изменет со одлука бр. 126/2023 на Собранието на Албанија.

Со тоа судот ја укина точката со која пратениците се исклучуваат на 30 дена кога применуваат насилство врз други пратеници и таа останува во сила 10 дена, пренесува Албеу.

КОЛУМНА

Панорама: „Колку повеќе закони, толку покорумпирана е државата“

Цела мрежа закони, бескрајни иницијативи, изјави на политичари од двете страни, но зошто на крајот Албанците се корумпирани?

Ненаситноста не познава граници, додека празниот и луксузен живот на слој без реални придонеси го тресе албанското општество, надополнето на недостигот на јавна транспарентност, недостигот на верба во религијата и пред се злоупотребата на концептите на демократија, додека „најупорните “ од конформизам, потчинување на авторитет и обид да се идентификуваат со група во овие општествени  бранувања. Недостигот на казни ги прави корумпираните и нивните незауздани животи во декадентен луксуз, во „модели“ за денешното општество, пишува авторот Бен Андони во колумната „Колку повеќе закони, толку покорумпирана е државата“, објавена во Панорама.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Албански медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.