Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЗБОРИ 2024 – Излези и гласај!!

0
By Marija Todorovska on April 17, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА во повеќе дневни продолженија и со посебни тематски наслови објавува серија содржински сегменти од едукативната публикација на ЦИВИЛ – Центар за слобода „СЀ ШТО САКАВТЕ ДА ЗНАЕТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ“ посветена на јакнење на јавната свест, едукација и мобилизација на граѓанките и граѓаните за подобрување на изборните процеси.

Едукативните текстови на авторскиот тим на Цивил се посветени на различни аспекти на изборните процеси како за организацијата на изборите, избирачката администрација, изборните материјали, избирачкиот список, гласачките ливчиња, кампањите, изборниот молк, можни нерегуларности во процесот и на повеќе други аспекти.      

Серијал на НОВА: Избори 2024 – Излези и гласај!!                                                                                        

Политичките закани и притисоци:

Изборните процеси на површина исфрлаат дефекти на институциите, општеството и државата. Меѓу нив се и политичките закани и притисоци, преку поделби, страв и заплашување, некогаш отворено, некогаш суптилно.

Најчести жртви на заканите и политичките притисоци се граѓанките и граѓаните вработени во јавниот сектор, но не е исклучен ниту приватниот. Овие притисоци воопшто не се непознати за нашето општество, и се особено интензивирани во пресрет на изборните процеси. СМС пораки за мобилизација, списоци со „сигурни гласачи“, отпуштања, казни се само дел од низата злоупотреби преку кои се врши директна систематска политичка пропаганда. 

Но, вработените во јавниот сектор не се единствените жртви на политичкиот притисок, туку на вакви притисоци се изложени и работниците во приватниот сектор, социјално ранливите категории, како и самите сопственици на приватни фирми, најчесто преку Управата за јавни приходи. 

Секој обид за закана или политички притисок за време на изборните процеси мора да биде пријавен и соодветно санкциониран, само така граѓанките и граѓаните ќе се охрабрат да го остварат своето право сами да носат политички одлуки. Само на овој начин во земјата може да се спроведат слободни избори, што е предуслов за владеењето на правната држава. 

закани и притисоци Избори 2024 излези и гласај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.