Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори и кредитирање – што се случува во банкарскиот сектор

0
By Нова ТВ on May 3, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателски избори, догодина редовни парламентарни избори, а во 2021 та година редовни локани избори – дали сите овие последователни изборни циклуси ќе се рефлектираат и во банкарскиот сектор, конкретно врз кредитирањето и шедењето? По завршување на првиот економски квартал Народната банка ги сумираше резултатите, на месечно ниво (март/февруари) депозитната база е зголемена за 0,4% а кај кредитирањето порастот изнесува 1.0%, пишува во неделната економска анализа Portalb.mk.

Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните во банките, на крајот од првото тромесечје должеле 1,3 милијарди евра.

Раст на сомнителни и спорни побарувања на физички лица

За близу еден милион евра, во март во споредба со февруари, се намалиле сомнителните и спорни побарувања во банкарскиот сектор. Но, најновите податоци покажуваат дека намалување на овие побарувања кои се однесуваат на нередовна отплата на кредити, има кај корпоративниот сектор, додека на месечно ниво нефункционалните кредити се зголемени кај секторот “домаќинства“. На крајот од првото тромесечје износот на вкупните сомнителни и спорни побарувања изнесувал 269,7 милиони евра, а во февруари 270,7 милиони евра. Дел од банкарите коментираат дека официјалните податоци покажуваат пораст на кредитирањето и на штедењето, како и на нефункционалните кредити, но сепак упатуваат на симптоми на помала ликвидност на клиентите за редовна отплата на кредитите.

„Позначајни промени во однос на побарувачката на кредити нема, но со оглед на тоа што се работи за изборен циклус, вообичаено е да се очекува одреден „застој“, со оглед на законските ограничувања за буџетски исплати и оние поврзани со менаџирање на јавните пари. Се забележува и еден тренд на “развлечено плаќање“ во овој период, особено кај отплатите на физички лица“ – коментира банкар од една  од водечките групации во земјава. И од другите банки со слична оценка:  

 „Кај побарувачката на кредити од страна на физички лица нема значајни промени, изминатиот период се забележува намалување на побарувачката од фирмите, и тоа е очекувано во ваков период на изборие“ – велат банкарите.

 На крајот од март сомнителните и спорни побарувања кај домаќинствата изнесувале 60,2 милиони евра и во однос на февруари се зголемени за околу 765 000 евра, додека нефункционалните кредити кај корпоративниот сектор биле во износ од 209,5 милиони евра и тие во однос на февруари се намалени за 1,7 милиони евра.

 Штедење и кредитирање

За граѓаните, станбените и потрошувачките кредити се најбарани и најодбрувани од страна на банките во првиот економски квартал. На крајот од март, по основ на потрошувачки кредити, домаќинствата во банките должеле 1,3 милијарди евра, а по основ на станбени кредити 755,7 милиони евра. Овие два видови на кредити бележат и највисоки стапки на раст и на месечно и на годишно ниво, додека кај автомобилските кредити по подолг период на негативен тренд, за прв пат е забележана стапка на раст на месечно ниво повисока од 2 отсто.

„Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, овој месец, најзастапената категорија ‒ потрошувачките кредити, бележат месечен и годишен раст од 1,2% и 10,9%, соодветно. Станбените кредити исто така се зголемени за 1,2% на месечна основа, додека годишната стапка на раст кај оваа компонента e непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 13,6%. По негативните стапки во претходниот месец, во март, автомобилските кредити забележаа месечно и годишно зголемување од 2,3% и 0,4%, соодветно“ – соопштуваат од Народната банка.

Кредитите одобрени на кредитни картички на месечно ниво се непроменети, додека на годишно ниво остварија пад од 0,4%. Во март, негативните салда на тековните сметки бележат месечен раст од 1,1%, додека на годишна основа, оваа компонента оствари стапка на раст од 8,4%.

На крајот од првото економско тромесечје, вкупната кредитна изложеност на банките изнесува близу 5,3 милијарди евра, пришто на месечно ниво е регистриран раст од само 1 %.

Кредитирање ( прв квартал 2019 година ): 

Вкупни кредити    5,3 милијарди евра

Кредити на домаќинства 2,6 милијарди евра

Кредити на коропоративен сектор  2,7 милијарди евра

На годишно ниво, вкупните кредити оствариле раст од 9 отсто. Пораст има и кај штедењето. Вкупната депозитина база заклучно со третиот месец од годинава изнесува 6,14 милијарди евра и на месечно ниво е зголемена за скоро 27 милиони евра или за само 0,4%. Пораст е регистриран и кај депозитите на корпоративниот сектор и кај штедењето на домаќинствата.

„Во март 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се повисоки за 0,3% на месечно ниво. Анализирано на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор растат со 12,1%“  – наведуваат од НБМ.

Штедење ( прв квартал 2019 година): 

Депозити на домаќинства                4,1 милијарда евра

Депозити на корпоративен сектор   1,6 милиајрди евра 

Вкупните депозити на домаќинствата, бележат месечен раст од 0,2 отсто, што се должи на зголемувањето на долгорочните депозити во денари и во странска валута и краткорочните депозити во странска валута. Стапката на годишен раст на депозитите на домаќинствата изнесува 8,7 отсто. Вообичаено, изборните циклуси во земјава и воопшто случувањата на политичката сцена влијаат врз вкупните економски трендови, рефлектирани преку инвестициска апстиненција но и со воздржување од позначајна кредитна побарувачка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.