Убиен е контролорот на албанското Социјалистичко движење за интеграција, а тројца други се повреден во престрелка во близина на избирачко место во една гимназија во градот Лач на денешните парламентарни избори во Албанија јавува новинската агенција Анадолија.
Изборите ги следат обвинувања за купување на гласови и низа непрвилности предизвикувајќи стравувања од повторување на изборите како во 2009-та кога заврши со политичка криза.
Еден ден пред гласањето, Централната изборна комисија остана парализирана, без напредок во обид да замени три од седумтте члена на Комисијата.
Членовите поднесоа оставка во април во текот на еден спор меѓу владејачката коалиција на конзервативниот премиер Сали Бериша и опозицијата предводена од социјалистите со Еди Рама.
На изборите гласаат 3.200.000 луѓе, а за законодавниот дом се бораат 140 пратенички кандидати.
По изборите би можело да се утврди дали една од најсиромашните земји во Европа ќе покаже зрелост за приклучување кон Европската унија.