Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во Северна Македонија – помеѓу стравот и надежта

0
By Marija Todorovska on April 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ 

На 24-ти април и 8-ми мај оваа година, завршуваат тукушто започнатите претседателски и парламентарни избори во земјата Северна Македонија. Понекогаш мислам дека кампањите никогаш и не завршуваат, ама што да се прави, таков е табиетот на овдешната „политика“.

Пред да навлеземе во „ситните цревца“ на македонската политика, ќе ми дозволите да кажам една, а можеби и неважна (лична?) инвектива. Сите луѓе кои ме поплукаа изминативе години (бројката е прилично импресивна!), што јавно, а што во текстови, ене ги, „јунаците на бато“, напикани на листи на некакви „максимилијански“, „левучарски“ и „мицковистички“ партии; на некои им се ветуваат места во извршна, на некои во законодавна и останата власт во земјава. На заебанција си велев на себе си: боже господе, колку кариери си направил изминативе шеснаесетина „политички“ години на твој грб (а притоа „зрачиш“ од провинција; нема „скопски политички шамар“ што не се чувствува во малите места, ако ме разбирате што сакам да ви кажам?) – ќе морам да се почастам себе со еден цеден портокал (докторите ми забранија џин со тоник и останати жестини!) затоа што не сум знаел дека хедонизмот е болест.

Што е следно? Да причекам нашите епикурејци да бидат затворени во лудница? Или хедонизмот да се забрани, ама затоа ќе се поттикнува рекламирањето? Не знам дали тоа некогаш ви паднало на ум? Не само што рекламирањето во денешниот свет се бара на ангро, туку таквата побарувачка поттикнува стотици илјади „шизофреничари“: за тоа може да му се заблагодарите на капиталистичкиот систем. Благодарејќи на него, нема скоро да останат без работа ваквите „персони драматис“.

Добро, доста беше играрии, да се вратиме малку со посериозни тонови.

Овие денови ќе се одлучува на кој пат ќе оди оваа земја, не само симболички, ами и практично. Социјалдемократскиот сојуз делува екипирано, сериозно и вредносно издржано. Не се откажуваат луѓето од Европскиот пат. На нивните листи имате далеку посеризони и политички релевантни профилирани личности за кои знаеме сè: каде биле, што работеле и што сонувале. Признати, веродостојни и луѓе со интегритет.

Од другата страна имаме „шаренолика опозиција“ од крајно леви и крајно десни, имаме и прононсирани криминалци; има и „признати“ и познати фашисти, дала оваа земја и такви. Ете, таквите ќе се обидат да го сменат курсот на земјава, а кога се вели „курс на земјата“, најчесто се мисли на тоа дека ќе ги тумбаат личните животи на граѓаните на начин кој ќе зависи исклучиво од нивното утринско будење: поточно, на која нога ќе се будат наутро, таква песна ќе пее и земјата. Што во превод му доаѓа: нема да знаат каде удираат, а богами нема да знаат и на каде ќе тераат.

Тие се двете политички парадигми кои ни се нудат нам, на граѓаните на оваа земја.

За мене лично, најважно е да биде поразена груевистичката инсталација во земјава. Откако ќе биде поразена мнозински, тогаш треба да се пристапи кон комплетна „патриотско-народњачка“ деинстализација, а според мене, тоа е најважното прашање на овие избори.

ВМРО-ДПМНЕ го гледам како една од најслабите карики на оваа земја, не во партиско-политичка смисла, туку го гледам како карика која едноставно не може да дофрли понапред од сопствениот папок. Сакам да кажам, ако тоа го можеше, имаше и кога да ни го покаже.

Социјалдемократите во оваа земја решија сè; во ред, купишта работи и погрешија, некои надежи ги прокоцкаа, ама генералните патишта останаа исти. Да не ги преџвакуваме сега, ги знаеме сите.

Што се однесува до конкретните политики наменети кон самите граѓани, социјалдемократите зголемуваат плати и враќаат пари кај граѓаните како никогаш во поновата македонска современа историја. Јас не познавам друга влада која толку многу вратила даночни пари во џебовите на граѓаните. Ако вие познавате, ве молам да ме коригирате. Медиумските слободи се на највисоко ниво од осамостојувањето до денес. Личните слободи на граѓаните се неприкосновени. Нема реваншизам, никој од спротивниот табор не е без пари и испуштен од работа. А право на работа има секој еден човек во оваа земја без разлика на која труба дува, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Во светот сме конечно признати, познати и интегрирани. Не се посрамивме со соседите, а богами не предизвикувавме непријателства и срамови како внатре, така и надвор од земјата. И ова е „светлата страна“ од приказната на социјалдемократите за кои, реално, заслужуваат уште еден четиригодишен мандат да ја водат земјата.

Што е вистинито, а што е реално, ќе дознаеме за неколку денови од денес. Она што е јасно дека политичката состојба во земјата станува „драматично“ возбудлива. Да не употребам потежок збор. Изборот на Пендаровски нуди надеж и придвижување на status quo, а ако се избере Силјановска со нејзината „горделивост“ и „грдотија“ од нивното политичко ништо, тогаш останува зацементиран тој status quo до некое неодредено време. Последично, тоа ќе води кон потполно уништување на демократските вредности и слободи на граѓаните, за тоа немам никаков сомнеж.

Ама сепак, најмногу зависи од граѓаните кои во две „последователни среди“, на 24-ти април и 8-ми мај, со хемиските пенкала ќе бираат измеѓу надежта и личниот просперитет, и стравот кој ќе остане во нив, а тоа што ќе остане, ќе го живее и целата земја. Така оди тоа во политика. На крајот, секогаш е до граѓаните и нивниот (заокружен!) глас.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
избори Ненад Јовановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.